Македонија
Протест за прегазената Фросина – „Врските не враќаат човечки живот“

Стотици граѓани денеска се собраа на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје на протест, барајќи правда за трагичната смрт на младата Фросина, која беше прегазена додека поминувала пешачки премин во близина на пекарата „Силбо“. Граѓаните продолжија да маршираат кон Собранието, а потоа кон Кривичниот суд.
Протестот почна со три минутен молк за трите девојки кои досега биле прегазени на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Последната жртва е 22-годишната Фросина Кулакова, која пред два дена беше прегазена од дваесетгодишниот Васил Јованов од Скопје, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло, додека таа минувала на пешачки премин. На 20 јануари 2022 година на пешашкиот премин кај крстосницата кај трговскиот центар „Скопје Сити Мол“ беше прегазена студентката Викторија Николова, а на 3 април 2015 година студентката Фросина Цековска на пешачки премин кај Универизална сала. Учесниците во протестот носеа транспарент на кој беа испишани имињата на трите девојки, кои станале жртви на несовесни возачи.
За смрта на Фросина е осомничен 20-годишниот скопјанец на кој му беше определена мерка притвор од 30 дена, а за кого и претходно имало кривични пријави за друга сообраќајна незгода како и за недозволена употреба на дрога.
Граѓаните на мирниот собир запалија свеќи и положија цвеќе пред фотографијата на Фросина. Преку написите како „Врските не враќаат човечки живот“ и „Не е несреќа, туку убиство“ тие побараа одговорност од институциите за Фросина и за сите жртви од сообраќајни незгоди.
Мирен собир денеска се одржува и во родниот град на Фросина, Неготино, најавен е и во Кавадарци во недела.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос