Поврзи се со нас

Македонија

Протестен марш на медиумските работници: Вака веќе не може!

Објавено

на

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) преку марш од Владата до Собранието, денеска упатија барања за изнаоѓање системски решенија за квалитет на новинарските содржини, достоинствени плати, обезбедување услови за квалитетни и професионални новинарски продукти за традиционалните, но и за новите медиуми.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски од пред Владата образложувајќи ги барањата посочи оти е потребна имплементација на законите кои се важни во новинарската сфера за обезбедување и независно функционално работење на јавниот сервис и на регулаторот.

ЗНМ и ССНМ побараа брза и ефикасна имплементација на законите кои ја третираат безбедноста на новинарите, како и поддршка за колегите од внатрешноста.

За сите овие барања ЗНМ и ССНМ доставија до Владата акциски план со точки, потточки и рокови за реализација.

-Вака веќе не може! Законите важни за медиумите не се спроведуваат, Јавните функционери имаат потценувачки однос кон новинарите и снимателите. Стоп на негативниот тренд на понижувачки говор од страна на министри, директори и политичари. Стоп за агресивниот државен ПР, што ја зема работата на новинарите. Државниот ПР ја зема работата на новинарите, снимателите и фоторепортерите. Владата создаде најголема редакција во земјата, а државните институции и нивните директори имаат проблем да сфатат дека не е транспарентност кога со денови чекате одговор, а добивате ПР памфлет за објава. Локалните и регионални медиуми работат на раб на издржување. Безбедноста на новинарите не е на ниво на кое треба да биде, истакна Чадиковски.

Ова, како што нагласи, е најважната работа да обезбедиме демократски амбиент во кој ќе ја цементираме слободата на говорот како најсилен императив за добро функционирање на државата.

Претседателот на ССНМ, Павле Беловски истакна дека сведоци сме дека работничките права дури и оние најосновните на медиумските работници не се почитуваат се заобиколуваат.

– Мораме заедно сплотени како што сме на овој марш да продолжиме да ги бараме и да се бориме за она што ни следува според законот. Овие состојби може да се подобрат пред се само со потпишување на колективни договори со што далеку попрецизно ќе се утврдат условите за работа, како и обврските и задолженијата на двете страни. За да успееме да потпишеме колективни договори со кои еднаш за секогаш ќе кажеме стоп за анархијата, потребен дијалог, дијалог од сите и победа за сите, рече Беловски.

Тој посочи дека постои една атмосфера во јавниот дискурс во која новинарите и медиумските работници се повеќе се напаѓани, навредувани, тепани, газени, малтретирани, а тој наратив потекнува од повеќе извори, па дури и високи политички функционери си дозволуваат да навредуваат и омаловажуваат.

– Сметаме дека оваа ситуација мора да сопре. Нападите врз новинарите и медиумските работници се напад врз јавноста, односно врз правото на граѓаните да бидат информирани, рече Беловски.

Претседателот на ССНМ посочи дека една од причините за овој марш е да се даде поддршка и да се крене свеста во каква состојба се наоѓаат новинарите од внатрешноста и во какви услови работат.

– Марш или протест, потреби или барања или критика. Како и да си ги поставиме прашањата, одговорите ни се јасни на сите. Задолжени надлежни за ништо, задолжени за се. Не молчевме, сте зборувале кога проникнуваше новинарството во оваа млада Република. Не замолчевме ниту кога не тепаа, малтретираа, кога не затвораа, кога ги губевме нашите работни места. Тој џин е етичкиот професионалец, тој џин е трудбеникот односно тоа сме ние денеска. Се одѕиваме под називот медиумски работници од првиот кадар, па преку острото перо па се до копчето до реализација. Поединецот кој стои зад вистината слободната мисла и јавниот интерес, додаде Беловски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 8 часа

Летно-зимско време…Кои се последиците од поместувањето на часовникот

Гостиварпред 10 часа

Кривична за измама против гостиварец, наплатил 1.800 евра да направи кујна ама не ја испорачал

Македонијапред 12 часа

Годинава ќе има дополнително олеснување на државната матура

Македонијапред 13 часа

Доделени годишните новинарски награди на Здружението на новинари на Македонија

Гостиварпред 14 часа

На Светскиот ден на театарот Гостиварски театар започна подготовка на нова претстава, комедија за бракот

Македонијапред 16 часа

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Гостиварпред 17 часа

Усмртена мечка на патот Тетово-Скопје, возачот повреден

Гостиварпред 18 часа

Неделна акција на полицијата за брзо возење-49 казни во Гостивар, 99 во Тетово

Вестипред 19 часа

Ќе ставам крај на војната во Украина за 24 часа, вети Трамп

Гостиварпред 7 дена

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 3 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Вестипред 3 дена

Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион

Гостиварпред 3 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 4 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Гостиварпред 2 недели

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 3 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Популарно изминативе 100 дена