Поврзи се со нас

Македонија

Протестен марш во Скопје на семејствата на загинатите во пожарот во Кочани

Објавено

на

    Маршот на семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани започна денеска точно во 12:05 часот, како симболика за, како што нагласија, задоцнетата реакција на институциите.

    Протестната поворка започна пред зградата на Јавното обвинителство во Скопје, каде што семејствата побараа оставки од сите одговорни за несреќата и формирање на експертска влада. Од нивно име, Владимир Апостолов порача дека за трагедијата се виновни сите досегашни владејачки структури.

    Дел од семејствата влегоа во Обвинителството, каде што вчера добија покана за средба со државниот јавен обвинител и со надлежните обвинители кои го водат случајот.

    По протестот пред Обвинителството, семејствата се упатија кон Собранието, каде што се одвиваше расправа за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Таму тие повторно повикаа на одговорност и добија поддршка од пратеници на Левица, СДСМ, како и од лидерот на опозицијата, Венко Филипче. Пратеникот Никола Мицевски информираше дека министерот Тошковски ќе ги прими на средба.

    Средбата со министерот Тошковски се одржа во Министерството за внатрешни работи. Тошковски пред семејствата истакна дека правдата мора да биде задоволена доколку сакаме да изградиме нормална држава. Тој додаде дека не може да открие повеќе детали поради интересот на истрагата, но информираше дека досега 70 лица се осомничени, меѓу кои и актуелен министер, директор на Дирекцијата за заштита и спасување, како и актуелен градоначалник.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 48 минути

    Самоизолација и здравствен надзор за двајцата заболени од мајмунски сипаници

    Гостиварпред 3 часа

    Гостиварско Здуње доби реконструиран главен пат

    Гостиварпред 4 часа

    11 специјализанти почнаа со работа во болницата во Гостивар

    Македонијапред 7 часа

    Епидемиологот Даниловски со објаснување за „мајмунските сипаници“-Симптоми, пренесување, заштита

    Гостиварпред 8 часа

    Лишено од слобода лице за напад врз сопругата во центарот на Гостивар

    Македонијапред 9 часа

    Викенд временска прогноза

    Македонијапред 18 часа

    Потврдени 2 случаи на мајмунски сипаници во Македонија

    Технологијапред 22 часа

    Зошто сè повеќе гледаме два уреди истовремено и како тоа влијае врз нашето здравје

    Македонијапред 23 часа

    Николоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена