Поврзи се со нас

Вести

Протести за 1 мај ширум светот

Објавено

на

Москва 130.000 луѓе на првомајскиот марш

Повеќе од 130.000 луѓе се собраа на маршот во центарот на Москва по повод1 мај, објави Тас, цитирајќи го руското Министерство за внатрешни работи.

Во центарот на главниот град, демонстрации се одржуваа по повод Денот на трудот организиран од претставниците на Московската унија на синдикати. Полицијата, заедно со Националната гарда и патроли на волонтери, го обезбедуваа настанот, вели руската агенција.

Демонстрантите извикуваат традиционални пароли, како што се “Мир, работа, мај”, “За мир и стабилност”, “Млади на работни места” и “Грижите се за пензионерите“.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин го предводеше маршот на синдикатот на Црвениот плоштад, ветувајќи дека ќе стори сé за да го подобри животниот стандард на граѓаните. На демонстрациите учествуваа претставници на Руската државна Дума и Московската Градска Дума.

Московската унија на синдикати објави дека околу 130.000 луѓе излегле да маршираат од Црвениот плоштад до главните улици на главниот град, по повод одбележувањето на Денот на трудот.

Протести и апсења во Турција

Полицијата во Истанбул уапси повеќе од десетина демонстранти кои тргнаа кон плоштадот Таксим, спротивставувајќи се на забраната.

Поради безбедносни причини, Турција го забрани пристапот до овој плоштад, па патот што води кон Таксим беше блокиран, а полицијата дозволи само мал број на претставници на синдикатите да ги остават венците на споменикот таму.

Сепак, група од околу 25 лица, која скандираше “Нема забрана за данок на 1 мај”, успеаа да стигнат до плоштадот, но тие беа опкружени со полицијата.

Плоштадот Таксим има симболична значење за работничкото движење во таа земја, имајќи предвид дека во 1977 година на плоштадот за време на прославата на 1 мај, кога беше отворен оган од блиските згради, 34 лица беа убиени на плоштадот.

Инаку, синдикатите во Турција во одржаа конференции во зони на владини институции во Истанбул и Анкара.

Протести во Иран

Стотици Иранци протестираа денес, и покрај забраната, на Меѓународниот ден на трудот – 1 мај, барајќи повисоки плати, подобри работни услови и подобар статус на работниците.

Полицијата уапси најмалку шест демонстранти надвор од зградата на парламентот на Техеран, објави АП, додавајќи дека демонстрантите се собрале и на други локации во градот.

Собраните работници побараа поголеми плати, подобри работни услови и работни позиции, како и подобра заштита после пензионирањето.

Иранците во декември и јануари, протестираа на улиците поради лоша економска ситуација и корупција, а некои демонстранти повикаа на отстранување на власта. За време на протестите, 25 лица загинаа, а повеќе од 5.000 беа уапсени. Иран се соочува со висока стапка на невработеност и покрај укинувањето на меѓународните санкции по иранскиот нуклеарен договор во 2015 година.

Унијата на независниот синдикат на Косово протестираше денес во Приштина

-Многу работници работат без договори за работа, прекувремено и без одмор, или на одредени празници. Многу работници се повредени или починслр на работа и никој не презема одговорност. Многу работници се дискриминирани со породилно отсуство и многу други неправди. Владо, доволно, го примени законот – порака од Унијата на независни синдикати на Косово, објави КоССев.

Тие и порачаа на владта доколку не ги применат нивните барање ќе преминат на други мерки. Инаку, Косово се вбројува меѓу земјите со најголема невработеност, која изнесува повеќе од 40%.

Инциденти со полицијата во Атина на протестите 

Илјадници Грци протестираа во центарот на Атина на три одделни места по повод Денот на трудот. Музеите беа затворени, фериботите останаа во пристаништа, а јавниот превоз беше намален.

Грчката интервентна полиција постави кордон во центарот на Атина околу Техничкиот факултет, откако беше нападнат од самопрогласените анархисти, објави грчкиот портал Катимерини .

Инцидентот започна кога неколку анархисти се издвоија од групата од протестите и побегнаа во зградата на универзитетот за да ја нападнат полицијата.

Тие фрлаа камења и рачно изработени гасни бомби врз припадниците на полицијата.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

АНКЕТА

Дали службите за зимско одржување добро ја вршат својата работа на локалните патишта во Гостивар?
Гостиварпред 4 недели

Дедо Мразовци на мотори ги израдуваа децата во Гостивар на хуманитарната забава на When in Trouble

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Терористичката ќелија ја создал и координирал 21 годишен гостиварец, планирале напади врз цивилни цели и јавни објекти

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Гостивар-Маќеа пријавена за малтретирање на својата малолетна поќерка

Гостиварпред 1 недела

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 5 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement
Advertisement

Следете нѐ

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена