Поврзи се со нас

Македонија

Протести за правда: „Правда за Фросина“ во Кавадарци, најавен протест и во Скопје

Објавено

на

    Правда за Фросина мора да има и случајот на Фросина на никој друг да не му се повтори, порача денеска Росица Кулакова, сестрата на прегазената девојка на протестот во Кавадарци. Побара одговорност и од таткото на возачот и ид судијката Даниела Алексовска-Стојановска.

    Кулакова истакна дека општеството е огледало на вредностите што ги носат оние кои го водат, а децата се најчистиот одраз на своите родители.

    – Не може да се очекува чесно и одговорно управување од луѓе кои не успеале да ги всадат основните морални и општествени вредности дури ни во сопствениот дом. Доделувањето државни функции не смее да се сведува само на формални образовни критериуми, нагласи таа.

    Јавните функции, рече таа,  мора да ги извршуваат луѓе со интегритет, кои своите карактери и вредности ги покажале и во сопствениот живот.

    – Како граѓани, како родители и како дел од заедницата, оној кој не успеал да го воспита сопствениот наследник да ги почитува законите, да разликува добро од зло и да живее чесно, не може да бара доверба да управува со државата. Напротив, ваквите лица не смеат да добијат јавна функција. Тие треба да одговараат за своето делување, но и за криминалните постапки на своите помлади полнолетници, додаде Кулакова.

    Подвлече дека општеството не смее да биде заложник на луѓе без морални темели, а функциите во државата не смеат да бидат засолник за оние, кои не ги почитуваат законите ниту во својот дом, ниту надвор од него.

    – Ние за Фросина бараме правда, не само од убиецот, бараме правда и од таткото. Бараме да се затвори таткото, да одговара таткото, Зоран Јованов и судијката Даниела Алексовска Стојановска, кои не излегоа јавно да изразат сочувство кон семејството, туку кукавички се кријат и бришат профили, изјави сестрата на загинатата девојка.

    Пред присутните на главната раскрсница во строгиот центар на градот, се обратија и организаторот Горан Василов и Викторија Недева, која прочита текст во името на другарките на Фросина.

    – Нема зборови кои можат да ја изразат болката која ја чувствуваме од твојот ненадеен замин. Ти која ја боеше секоја секунда со нас, со твојата светлина, љубов, замина на најсуровиот можен начин. Но, знаеме дека со твојата енергија, насмевка и позитивен карактер, светот имаше нешто уникатно. Ти беше не само моден дизајнер, ти беше личност која успеваше да ги спои сите бои и да ги претвори во нешто што ќе остане во срцата на сите кои те познаваа, рече Недева.

    Ти, нагласи таа, не си само жртва на нечии неопростливи одлуки. Подвлече дека заминувањето на Фросина остави болка и сивило, но нејзините дух и дела ќе останат вечни.

    На собирот во Кавадарци присуствуваше и таткото на Викторија Николова, Славе од Радовиш, чија ќерка пред три години загина исто така на „Партизанска” во Скопје.

    Со триминутен молк и палење свеќи, носење транспаренти, се даде почит и се побара правда и одговорност. Другарките на Фросина во нејзина чест пуштија 22 балони испишани со нејзиното име.

    Попладнево во 17 часот протест е најавен и во Скопје на булеварот „Партизанска“ каде загина Фросина.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена