Поврзи се со нас

Македонија

Протестираа вработени во јавна администрација, најавени протести и за следните денови

Објавено

на

Вработени од неколку министерства, Државниот завод за статистика и Државниот архив денеска одржаа предупредувачки протест барајќи потпишување на колективни договори и исплата на 30 проценти додатоци на плата. На протест излегоа вработени од министерствата за животна средина, за дигитална трансформација, за шумарство и водостопанство, за правда, за култура и туризам, за економија и труд и за транспорт.

Протестите, како што изјави претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, ќе продолжат секој ден од 11 до 11:30 часот, а во петок од 11 до 12 часот ќе се одржи протест пред Министерството за финансии.

„Почнуваме денеска бидејќи се одржува седница на Владата и апелираме на денешната владина седница да се стави точка на дневен ред, со што ќе се изнајде начин да се обезбедат средства од буџетот за решавање на овој долгогодишен проблем на вработените. Во изминатиот период од изборот на новата Влада, остваривме средби со речиси сите ресорни министри и по пат на преговори со нив, заеднички подготвивме Предлог – колективни договори, потоа со поддршка на ресорните министри беа испратени до Министерството за финансии. Овие Предлог – колективни договори беа поднесени до Министерството за финансии пред носење на Буџетот за 2025 година,  но, од неразбирливи причини, Министерството за финансии не одобри средства за нивно потпишување“, изјави Деаноски на протестот пред Министерството за животна средина и просторно планирање.

Висината на платите на вработените во институциите кои денеска протестираат, како што нагласи Деаноски, почнува од 25.010,00 денари.

„Просечната плата во овие институции е околу 29.000,00 денари, а просечната плата исплатена на ниво на држава изнесува 42.124,00 денари. Додатокот што го бараме од 30 отсто значи дека вработените би добиле 6.000 денари зголемување на плата, но и покрај тоа, сите вработени повторно ќе бидат под просечната плата на државата. Ова наше барање е старо повеќе од четири години. За овој додаток на плата сме протестирале и сме штрајкувале години наназад, но, за жал, ниту една влада досега не излезе пресрет на нашите барања“, подвлече Деаноски.

Тој рече дека иако не постои никаква уставна, ниту законска пречка, да се потпише колективен договор во која било институција, нивната намера не е да му нанесат штета на државниот Буџет, туку „преку дијалог со Владата да се изнајдат средства за потпишување на колективните договори во рамки на буџетот“.

Во однос на штрајкот на вработените во Државното правобранителство којшто започна на 8 јануари, претседателот на Синдикатот на УПОЗ рече дека нема никакво поместување.

„Вчера повторно имавме преговори со државниот правобранител. Поместување е само дека вработените добиваат решенија со што им се намалува платата за 40 отсто за време на штрајк. Моментално добија само колегите од Тетово, бидејќи кај нив штрајкот почна порано. Сега се подготвуваат исти решенија за сите вработени кои се во штрајк“, додаде Деаноски.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Занимливостипред 12 часа

Црвена леќа – мешунка со мноштво здравствени придобивки

Македонијапред 13 часа

Етика во религиите да се врати како задолжително-изборен предмет, бара Асоцијацијата на професори

Гостиварпред 16 часа

Уште една пријава за напад од куче скитник во Гостивар

Македонијапред 17 часа

АНБ воведува задолжително полиграфско тестирање во процесите на проверка и селекција

Македонијапред 17 часа

Дали ќе се ограничат маржите на основните производи? Трговците и дистрибутерите на средба со министерот за економија

Македонијапред 17 часа

„Клексан“ ќе може да се зема во аптеките со рецепт, наместо да се бара рефундација

Светпред 18 часа

Мерцедес започнува повлекување на илјадници возила од 1 април поради неисправност

Гостиварпред 20 часа

Таравари: Ваљбон Лимани потенцијален кандидат за градоначалник на Гостивар од ВРЕДИ

Македонијапред 21 час

Над 5.150 корисници на МојДДВ немаат точни податоци, УЈП ги повика да направат проверка за да им бидат исплатени парите!

Гостиварпред 4 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 4 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 3 недели

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Видео емисиипред 4 недели

ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители

Гостиварпред 4 недели

Девојки од Непал вработени во локал во Маврово се оддалечиле од објектот

Гостиварпред 2 недели

Од маркет во Гостивар украдени пари и цигари, едно лице лишено од слобода

Македонијапред 4 недели

Даночно намалување кај данокот на личен доход и данокот на добивка

Гостиварпред 4 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 4 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 7 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена