Вести
Протестите во Израел продолжуваат се додека не биде запрено усвојувањето на „законот за диктатура“, најавија организаторите

Една од главните лидерки на движењето за протести, докторот по физика Шикма Бреслер синоќа изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговите колеги се одлучни да продолжат со усвојувањето на „законот за диктатура“ на следната седница на Парламентот (Кнесетот) за еден месец.
„Изјавите на премиерот и неговите екстремистички партнери се знак за нивната намера да ги донесат законите за диктатурата на маса на следната парламентарна седница, нанесувајќи им штета на економијата и безбедноста на земјата“, рече Бреслер по најавата на Нетанјаху дека спроведувањето на планот за судски реформи ќе биде одложен по масовните протести низ Израел.
Бреслер најави дека демонстрантите ќе бидат на улица „се додека донесувањето на законот продолжува и не биде запрено“, оценувајќи дека планот не е целосно отпишан, а најавата на Нетанјаху ја нарече „само обид за ослабување на протестите во намерата да воведе своја диктатура“.
И разни други групи најавија дека ќе продолжат со протестите.
Тие велат дека на Нетанјаху не може да му се верува и им покажал дека не можат да се потпрат на него, пренесоа израелските медиуми.
„Затоа протестите продолжуваат се додека тој само зборува и не дејствува. Протестите ќе престанат кога ќе утврдиме дека донесувањето на законот е целосно стопирано, рекоа организаторите, но потенцираа дека поддржуваат да се постигне широк договор за реформи во правосудството преку дијалог.
За утре се најавени таканаречени фокусирани протести низ државата и пред становите на министрите и така до крајот на неделата.
Во сабота навечер ќе има нов бран големи протести во Тел Авив и низ Израел и така ќе се продолжи во догледна иднина додека не дојде до вистинска промена, најавија противниците на реформата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 3 дена
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Македонијапред 4 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Гостиварпред 3 месеци
Бесник Зеќири стапи на функцијата директор на болницата во Гостивар
-
Македонијапред 4 недели
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос