Поврзи се со нас

Гостивар

Протокол за интернатите: Два пати дневно дезинфекција, во менза забранети заеднички кечап и зачини, во двокреветна соба само еден ученик…

Објавено

на

Протоколот за работа на ученичките домови предвидува низа правила според кои треба да се водат вработените и учениците за време на престојот. Во продолжение го пренесуваме протоколот во целост.

Сместување 

  • Пулт за дезинфекција на чевлите (дезо-бариера), и дезинфекционо средство за дезинфекција на рацете задолжително да се постави на влезот од секој ученички дом. Доколку ученикот со себе носи дополнителни ресурси (торба, патна торба и слично) потребно е истите да бидат дезинфицирани од портирската служба пред внесувањето во домот.
  • На влезот во домот да се постават едукативно – информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење на заштитни маски, одржување на физичко растојание, редовно дезинфицирање на рацете и правилна респираторна хигиена.
  • Секој ученик при движење во домот и заедничките простории на домот ( ходници, лифт, менза ) задолжително да  носи заштитна опрема, маска и ракавици.
  • Вработените задолжително да носат заштитна опрема, маски и ракавици.
  • Од заедничките простории, да се отстранат сите маси, столици, фотељи на кои е можно групирање на ученици, и да се води засилена контрола од страна на портирската служба и вработените, со цел да се оневозможи групирање на учениците во заедничките простории и собите.
  • Во заедничките простории на ученичките домови да се постави корпа за отпадоци со капак, која ќе се отвара со ножна педала.
  • Ученикот при вселување во домот и добивање на клуч од собата, добива и флаер со совети за заштита и протокол за неговиот престој во Домот.
  • Во една двокреветна соба може да биде сместено само едно лице а во соба со над два кревета може да бидат сместени максимум две лица.
  • Секојдневно проветрување на заедничките простории во домот.
  • Два пати во текот на денот задолжително, треба да се спроведе чистење и дезинфекција на заедничките простории во домот ( ходници, библиотека, читална, менза итн. ) со средство кое делува на вируси, според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05 натриум хипохлорид (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.

Читална и библиотека 

  • Учениците кои ќе бидат присутни во читалната задолжително да носат заштитни маски.
  • При учење да се претпочита вкрстено седење со внимавање за физичка оддалеченост.
  • Во читалните и занималните истовремено ке можат да присуствуваат 4 ученика на 10 м2.
  • Во библиотека за земање книги да присуствува само по еден ученик.
  • Воспитувачите изготвуваат распоред за користење на занималните во Домот и просториите каде што се одржуваат слободните ученички активности со почитување на сите мерки за заштита.
  • Воспитувачите одржуваат редовна комуникација со родителите за општата здравствена состојба на учениците, како и за општиот успех и поведение во училиштето преку телефон, е-маил или заеднички ZOOM состанок со родителите на учениците во воспитната група.
  • Воспитувачот може да одржува и индивидуални средби со родителите во Домот со претходна најава од страна на родителот и почитување на препораките за заштита.

Санитарни јазли  

  • Да се постави известување на влезната врата од санитарните јазли за задолжителна дезинфекција на рацете пред и по употреба.
  • Да се инсталира средство за дезинфекција пред влезната врата на санитарните јазли.
  • Да се обезбеди проток без застој на чекање во внатрешни тесни холови и потребната физичка дистанца со поставување ознаки, со цел да се намали ризикот од голем број на лица во санитарните јазли во исто време,
  • Задолжително е носење маска при користење на заедничките санитарни јазли,
  • Санитарните јазли задолжително се опремени со течен сапун, топла вода, корпа за отпадоци со капак на ножна педала и хартиени бришачи за раце за еднократна употреба како и диспанзер со средства за дезинфекција за раце, на база на 70% алкохол или препорачано вируцидно средство за дезинфекција.
  • Чистење и дезинфекција на санитарните јазли, подови и сите нивни површини, 2 пати во текот на денот, со употреба на средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
  • Да се постават корпи со капак на ножна педала кои се внатрешно поставени со пластични ќеси, за собирање на отпадоци од користени маски и ракавици, видно означени и поставени на повеќе места во внатрешноста, за отстранување на користени маски, ракавици и сл.

Протокол за работа на мензата и кујната

  • Вработените во мензата и кујната, задолжително да носат заштитни маски, ракавици и заштитна облека, и да одржуваат зачестена хигиена на раце.
  • Забрането групирање за време на паузите, и одржување на меѓусебно растојание при процесот на работа.
  • Задолжително безбедно растојание меѓу масите, и одржување на безбедно растојание додека се јаде оброкот. Соодветно растојание помеѓу масите и столчињата да изнесува минимум 2 метри. При што на маса за 4 особи, можат да седат максимум 2 лица.
  • Дезинфицирање на масата и столовите по завршување на оброкот. ( доручек, ручек, вечера )
  • Масите да се покриени со хартиен или најлонски чаршаф за една употреба, при што ќе се врши промена по заминувањето на секој еден студент.
  • Да се постави средство за дезинфекција на секоја маса.
  • Приборот за јадење да биде складиран и послужен во најлонска или хартиена обвивка или во салфетка. Искористениот прибор покрај миењето во топла вода, да биде и задолжително дезинфициран со средство за дезинфекција.
  • Се забранува користење на заеднички отворени садови при сервирање на кечап, разни зачини и слично.
  • На крај на секој оброк ( доручек, ручек, вечера ) задолжително чистење и дезинфекција на сите простории, целиот прибор за јадење, приборот за подготвување и послужување на храната, како и мензата со сите маси и столчиња.
  • Засилена внатрешна контрола од лицето задолжено за спроведување на препораките за спречување на ширењето на вирусот.

Препораки за постапување при појава на лице со симптоми на COVID 19

  • Доколку вработен заболи од акутна респираторна инфекција, останува дома и се јавува на матичниот лекар.
  • Го известува непосредно претпоставениот за својата влошена здравствена состојба. Доколку е позитивен на КОВИД 19, го известува претпоставениот, кој што го известува веднаш регионалниот центар за јавно здравје.
  • Доколку вработениот бил во контакт со лице кое што покажало знаци на акутна респираторна инфекција, треба да ја следи својата здравствена состојба 14 дена, и доколку развие симптоми да се јави на матичен лекар и да го извести претпоставениот.
  • Доколку ученик  заболи со треска или со акутна респираторна инфекција, треба да остане во изолација во својата соба, да носи маска, да употребува само одредени тоалети и мијалници и тушеви. Управникот на ученичкиот  дом, каде што престојува ученикот да се јави во најблискиот здравствен дом, за спроведување на епидемиолошка анализа и идентификување на блиски контакти.
  • Просториите каде што се движел ученик  заболен со КОВИД 19 темелно да се исчистат и дезинфицираат и проветрат.
Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена