Гостивар
Прв донаторски кружок во Гостивар за поддршка на проекти на граѓански здруженија
Демокраси Лаб-Центар за млади во соработка со организација Конект во вторник (17 декември) организира донаторски кружок во Гостивар. Ова е прв настан од ваков тип во Гостивар, преку кој се цели да се соберат финансиски средства за поддршка на активности на граѓански организации.
„Се обединуваме заедно со вас за да поддржиме идеи од локални граѓански организации, кои носат позитивни промени во нашиот град. Граѓаните и локалните бизниси се собираат на едно место заеднички да помогнат со финансиска, материјална и морална поддршка. Ќе се презентираат три иницијативи, а учесниците имаат можност да се запознаат со нивните цели и потреби да донираат парични средства.“, информираат организаторите.
Донациите ќе бидат наменети за проектте: „Поддршка на шелтер куќата за жени жртви од семејно насилство и нивните деца“, „Самопомош на жени жртви на семејно насилство и врсничко насилство“ и „Секое дете заслужува новогодишно пакетче“.
„Учеството не е само финансиска поддршка. Ќе имаме можност да слушнеме интересни идеи да се дружиме, да запознаеме нови пријатели. Да бидеме солидарни и општествено одговорни и заедно да градиме подобра заедница. Висината на донациите, ја одредувате вие не е важно колку сте во можност да донирате секој денар прави разлика.“, наведуваат од организацијата.
Настанот ќе се одржи во просториите на Центарот за млади и заедницата (YCC) со почеток во 18.30 часот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград