Гостивар
Прв меморијален турнир во мал фудбал во чест на Д-р Трајче Нешковски

Во Спортската сала Младост во Гостивар, во недела (14.11.2021), со почеток од 11 часот, ќе се одржи првиот Меморијален турнир во мал фудбал, во чест на прерано починатиот млад доктор од Гостивар, Трајче Нешковски.
На првиот турнир ќе учествуваат екипи од Гостивар, Скопје, Куманово, Штип и Охрид вкупно 8, кои се составени од пријатели, колеги, познаници на Нешковски. Ќе се игра по систем на елиминација, започнувајќи со четвртфинални натпревари.
„Ова е најмалку што може да направиме за Трајче, преку овој турнир да продолжат сеќавањата на него. Сите го паметиме како голем другар, подготвен секогаш, секому да помогне. Ги повикуваме гостиварци во недела да дојдат на турнирот, да му оддадеме почит на Трајче Нешковски“, велат организаторите на турнирот.
Меморијалниот турнир Д-р Трајче Нешковски го поддржаа Општина Гостивар, локални компании, граѓани на Гостивар. Gostivarpress.mk е медиумски покровител на настанот.
Триесет и две годишниот Нешковски трагично го загуби животот на 14 октомври 2020 година. Беше специјалист на Клиниката за пулмоалергологија. Ја водеше ковид-единицата во детската болница Козле во Скопје.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 4 дена
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Македонијапред 4 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Гостиварпред 3 месеци
Бесник Зеќири стапи на функцијата директор на болницата во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос