Поврзи се со нас

Гостивар

Прв роденден на Центарот за млади во Гостивар – Место кое обединува, инспирира, поддржува…

Објавено

на

Гостиварската младина, минатата година доби простор во којшто има можности, услови и поддршка да ја покаже креативноста, да ги изрази ставовите, да твори, дискутира, дебатира, да го надополнува своето знаење, да разменува искуства… Центарот за млади и заедницата во една година постоење ја оправда својата мисија и става омилено свратилиште на младата популација. Тука се одржуваат работилници, едукативни настани, поетски читања, разни обуки, проекции на филмови и разни други настани, сите насочени кон младите, нивните гледишта и визија за иднината.

Денес, Центарот со пригодна свеченост, презентација на активностите и забава прослави една година од постоењето.

Сефер Селими, извршен директор на невладината Democracy Lab и иницијатор за отворање на Центарот им се заблагодари на поддржувачите и нагласи дека Центарот ќе продолжи да функционира во истата насока – да биде голем пријател и инспирација на младите.

„Се гордеме што може да кажеме дека Центарот, од неговото отворање го посетиле околу 7.000 млади луѓе, а се реализираат петнаесетина проекти и програми. Тоа е далеку повеќе од нашите првични очекувања. Се разбира, ова е резултат на посветениот и вреден тим којшто работи овде, и благодарение на поддршката што ја добиваме од Општина Гостивар, Американската Амбасада и приватни бизниси од Гостивар, за што се многу благодарни“, изјави Селими.

На свеченоста свои обраќања имаа и градоначалникот Арбен Таравари и Амбасадорката на САД, Кејт Брнс.

„Ја препознавам важноста на овој Центар, со оглед на тоа дека во моите млади години, ние имавме Пионерски дом кадешто поминувавме квалитетно време во креативни активности. Како локална власт ќе продолжиме со поддршката на овој проект“, рече градоначалникот.

Амбасадорката Брнс истакна дека Центарот е доказ за успешна соработка меѓу невладиниот сектор, општината, локалниот бизнис сектор и меѓународната заедница. „И токму ова треба да биде пример и да инспирира да се покренат и други слични иницијативи ширум целата земја.“, нагласи Амбасадорката.

Младите кои ги посетувале работилниците и обуките во Центарот и организациите коишто ги користат услугите, презентираа дел од сработеното, а прославата се заокружи со коктел и музика со гостиварската група План Г.

 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена