Спорт
Прв турнир во одбојка во Скудриње: Спортување, дружење, поттик за младите генерации

Во текот на изминатата недела од 21 до 29 мај, во горнореканското село Скудриње во центар на вниманието беше рекреативниот турнир во машка одбојка кој за првпат се одржа на теренот на спортското игралиште во Основното училиште во Скудриње.
На турнириот учестуваа осум екипи, кои беа составени од играчи од реканскиот крај:
- Училишен одбор на О.О.У. ,,Блаже Конески”.
- Месна заедница – Скудриње
- Просвета
- Техно Блок – Скудриње
- Еуро Едил – Скудриње
- Шкорпион
- Седмица
- Левица
Првиот турнир од ваков карактер во одбојка во село Скудриње го освои екиата на Седмица, која во финалето со 2-1 го совладаа тимот на Еуро Едил.
Настанот кој го организираше Здружението МАКИТТУРК, привлече големо внимание во целиот крај, што резултираше со голема посетеност на натпреварите.
„Здружението МАКИТТУРК покрај бројните организирани настани, патувања, дружби со “нашинците” кои престојуваат во странство, за прв пат организираа турнир во одбојка кој се одржа во селото Скудриње. Нашата цел секогаш била меѓусебната дружба на луѓето, а во примеров и ослободување од здравствената криза која не зафати и ни отежнуваше остварување на било какви настани. Така и преку овој турнир сакаме да ги поттикнеме младите генерации да продолжат со дружење и спортување. Им се заблагодаруваме на сите учесници и посетители кои го поддржаа овој настан, велат организаторите од МАКИТТУРК.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Македонијапред 3 месеци
Ноќеска поместете ги стрелките на часовниците – започнува летно сметање на времето