Вести
Прва меч топка за КК Гостивар против Кожув за влез на Final 4 (18 часот)
Продолжува Супер лигата во Македонското кошаркарско првенство. После лавовската борба и поразот во минатото коло против МЗТ Скопје, кошаркарите на Гостивар денеска ја пречекуваат екипата на Кожув.
Ова е трет натпревар сезонава против екипата од Гевгелија, гостиварци немаат пораз од избраниците на Александар Јончевски. Со победа на денешниот натпревар „бело-сините“ и математички обезбедуваат место на фајнал-фор завршницата.
Гевгеличани во досегашниот дел од првенството имаат скор од 13 победи и 11 порази. Одморени влегуваат во денешниот дуел против Гостивар, бидејќи службено го добија натпреварот со Куманово во минатото коло, поради технички проблеми на кумановци.
Избраниците на Марјан Србиноски, како се приближува завршницата така ја подигаат својата форма иако со доста повредени играчи, изминатиов период пружија партии какви посакува секоја кошаркарска публика. Со 17 победи и 7 порази моментално се наоѓаат на 4. позиција и натпревар помалку од Блокотехна. Со победа денес ќе се вратат на 3. место.
Натпреварот во Младост започнува од 18 часот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар