Поврзи се со нас

Гостивар

Прва света Архијерејска литургија во манастирот Преображение Христово во Гостивар, храмот денес дом на бројни верници

Објавено

на

    Десет години по осветувањето на камен-темелникот на манастирскиот комплекс Преображение Христово во гостиварската населба Циглана, денес за прв беше отслужена света Архијерејска литургија.

    Храмот беше исполнет со верници од Гостивар и пошироко од сите генерации, дојдени да ја споделат радоста и светоста на празничниот ден.

    Со литургијата чиноначалствуваше митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение на свештеници од гостиварското архијерејско намесништво. Во својата беседа Владиката пред присутните меѓу другото подвлече:

    „Денес сите патишта водат во овој свет храм. Навистина многу ме радува што ова место стана место на наше духовно преобразување. Денес овде во Циглана-Гостивар, целиот народ со радост се искачува на оваа висорамнина, да го посети овој велелепен храм во изградба посветен на денешниот празник. Радост ми е што овој наш манастир и храм во изградба се преобрази во една вистинска црковна заедница и лечилиште на нашите души. Денес е празникот на Господовото преображение на гората Таворска. Секоја година, во дните на Богородичниот пост кој е во тек, ние си спомнуваме за еден од позначајните настани од животот на нашиот Бог и Спасител Господ Исус Христос, за Христовото преображение, за настанот преку кој нашиот Господ им се открива во слава на своите апостоли Петар, Јаков и брат му Јован (Матеј 17,1), како што ни соопштува денешното евангелско четиво. Преображението се случило во последната година од Христовата спасителна мисија овде на земјата. Настанот на овој празник, освен што ги укрепил апостолите во верата, го утврдува и сето човештво до денес, во единствената Вистина под небото, во Христос Богочовекот.“

    Г.Јосиф исто така, упати порака народот да си ја чува и негува православната вера.

    „Ние како христијани сме повикани да чекориме на тој пат, на патот на преображението и богоуподобувањето. И секој од нас што поскоро треба да започне да го оди и искачува тој пат. Иако на тој пат ќе сретнеме многу искушенија, треба да сме упорни и со помош на постот, молитвата, добродетелниот живот и секојдневното покајување и ние личносно да се преобразиме од лоши во подобри луѓе, во вистински христијани. Моја порака е сите ние, преку активен духовен живот и аскетски подвиг во Црквата, да се најдеме во светлоста на Преображението. И нема друг излез од моралната ерозија од која е заразен нашиот народ. Прославувајќи го денеска светлото Христово Преображение и ние со тројцата апостоли, да ја засведочиме Неговата слава на Преображението. Со молитва да отфрлиме од нас сè што е земно и грешно, и да го засакаме возвишеното и благородното. Така преобразени, очистени и осветени, постојано да го славиме името на Севишниот, сега и во сета вечност. Амин! Бидете благословени и имајте лесни Богородични пости.“, кажа Митрополитот.

    По литургијата верниците се причестија со светите тајни на христијанството, по што следуваше благословување и пресекување на кумските колачи, како и благословување на лозовиот плод-грозјето, што традиционално се врши на денешниот празник.

    Во посета на манастирот во Циглана, денес беше и премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, како и пратеничката во македонското Собрание, Дафина Стојаноска.

    Прославата продолжи во дворот на манастирот со народен собир. Во пресрет на празникот, синоќа се одржа концерт на народна музика со познатиот пејач Ефто Пупиноски, како и младите солистки Јована Богданоска и Андријана Петрушовска.

    preobrazenie 2024 (10)
    preobrazenie 2024 (12)
    preobrazenie 2024 (4)
    preobrazenie 2024 (6)
    preobrazenie 2024 (13)
    preobrazenie 2024 (15)
    preobrazenie 2024 (3)
    preobrazenie 2024 (8)
    preobrazenie 2024 (7)
    preobrazenie 2024 (2)
    preobrazenie 2024 (1)
    preobrazenie 2024 (11)
    preobrazenie 2024 (14)
    preobrazenie 2024 (10) preobrazenie 2024 (12) preobrazenie 2024 (4) preobrazenie 2024 (6) preobrazenie 2024 (13) preobrazenie 2024 (15) preobrazenie 2024 (3) preobrazenie 2024 (8) preobrazenie 2024 (7) preobrazenie 2024 (2) preobrazenie 2024 (1) preobrazenie 2024 (11) preobrazenie 2024 (14)

     

    Преображение Христово е празник востановен во спомен на собитието на Тавор, кое се случило четириесет дена пред Христовата смрт и распетие. Кога Господ забележал дека апостолите не можат да ги разберат претстојните негови страдања и дека во срцата се исполнуваат со тага, за да не ослабнат во својата вера, ревност и љубов кон него ги извел на Таворската гора, и им се покажал во својата ненадминлива и несоздадена слава.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 49 минути

    Самоизолација и здравствен надзор за двајцата заболени од мајмунски сипаници

    Гостиварпред 3 часа

    Гостиварско Здуње доби реконструиран главен пат

    Гостиварпред 4 часа

    11 специјализанти почнаа со работа во болницата во Гостивар

    Македонијапред 7 часа

    Епидемиологот Даниловски со објаснување за „мајмунските сипаници“-Симптоми, пренесување, заштита

    Гостиварпред 8 часа

    Лишено од слобода лице за напад врз сопругата во центарот на Гостивар

    Македонијапред 9 часа

    Викенд временска прогноза

    Македонијапред 18 часа

    Потврдени 2 случаи на мајмунски сипаници во Македонија

    Технологијапред 22 часа

    Зошто сè повеќе гледаме два уреди истовремено и како тоа влијае врз нашето здравје

    Македонијапред 23 часа

    Николоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена