Гостивар
Први мај со 17 прекршувања на полицискиот час во Гостивар и Тетово

Вчерашниот првомајски празник донесе зголемен број на прекршувања на полицискиот час на полошкото подрачје. Според податоците од СВР Тетово, вкупно 17 граѓани не ја почитувале забраната за движење. Од нив, 14 на тетовското и 3 на гостиварското подрачје. Сите ќе се соочат со соодветни кривични пријави за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.
Инаку, полицискиот час вчера, денеска и утре (1, 2 и 3 мај) почнува од 14 часот и трае до 5 наутро наредниот ден.
Во изминатото деноноќие, Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал 11 нови решенија за изолација, сите во Тетово. Изјави за самоизолација потпишале 4 лица во Гостивар и 7 во тетовскиот регион.
Во контролите на полицијата на сите граѓани коишто се во изолација со решенија, или со писмена изјава за домашна самоизолација, не се евидентирани никакви прекршувања.
Во два хотели во Попова Шапка во државен карантин се 117 граѓани, додека во еден објект во Маврово уште 16.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар