Поврзи се со нас

Вести

Првиот е-завој – Го забрзува заздравувањето на раните

Објавено

на

Научниците развија нов медицински уред со потенцијал да го револуционизира третманот, завој за електротерапија што го забрзува заздравувањето на раните и потоа безбедно се распаѓа кога повеќе не е потребен.

Иновативниот завој е тестиран на дијабетични чирови во експерименти со животни и се покажа дека го забрзува заздравувањето за 30 проценти. Ова може да биде многу важен наод за дијабетичарите чии рани може да доведат до лоши резултати како што се ампутација на екстремитетите или дури и смрт.

Иако се работи за електронски уред, компонентите кои доаѓаат во контакт со раната исчезнуваат по завршувањето на процесот на лекување, па се избегнува оштетување на раната и ткивото.

Научниците ја истражуваа терапијата со електрична стимулација како можно решение, бидејќи враќањето на стандардните сигнали на телото со помош на електрична струја помага да се привлечат есенцијални хранливи материи потребни за затворање на тврдокорните рани.

Целта на научниците била да развијат поудобен производ за електротерапија што може да се користи дома. Со создавање електрично коло околу раната, клетките брзо мигрираат и ја регенерираат кожата смирувајќи го воспалението.

Револуционерниот систем користи енергија од две електроди, едната во форма на цвет, се поставува на раната, додека другата е на здравото ткиво.

За да го напојуваат нивниот електричен завој, истражувачите направиle наногенератор што може да се носи со преклопување на листови од политетрафлуороетилен (PTFE), бакарна фолија и полиетилен терефталат (ПЕТ). Наногенераторот ги претворa движењата на кожата, кои се јавуваат при нормална активност или дури и дишење, во мали електрични импулси. Оваа струја тече до двете електроди и  создаваат слабо електрично поле.

Тимот го тестираше уредот ставајќи го на рани на грбот на стаорци. Раните покриени со е-завои се затвораат во рок од 3 дена, во споредба со 12 дена кај контролната група со завој без електрично поле. Истражувачите го припишуваат побрзото зараснување на раните на зголемената миграција на фибробластите, пролиферацијата и диференцијацијата предизвикани од електричното поле.

Со овие можности, уредот се контролира безжично, а лекарите можат да одлучат кога да користат електрична симулација и да го следат процесот на заздравување. По заздравувањето на раната, електродата се распаѓа во телото и не треба да се отстранува.

Научниците сега имаат намера да го користат завојот на поголемите животни, а потоа и на луѓето. Процесот на преминување од тестирање во употреба треба да биде брз.

Во соработка со Е наука

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 4 недели

Втора победа за Јулијана Златаноска на Вешта жена во Гостивар

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Наша цел е поправедно општество и еднаквост, порачаа гимназијалците од Гостивар

Гостиварпред 4 недели

„Вешта жена 2023“ во Гостивар во знакот на љубовта!

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 6 дена

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Отворени огласи за вработување

- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена