Култура
Првиот роденден на Клубот на млади поети од Гостивар одбележан со промоција на збирка

Годишнината од формирањето, Клубот на млади поети од Гостивар ја прослави на пригодна манифестација со промоција на заедничка поетска збирка, музичка програма, доделување на благодарници и читање стихови.
„Многу сум среќна што стигнавме до овде и успеавме да ги оствариме целите кои ги зацртавме на почетокот. Сакам да останеме уникатни какви што сме и да продолжиме успешно да ја промовираме поезијата и заедништвото во нашиот град“, рече Флоранда Мухареми, претседател на Клубот.
Збирката со наслов „Проекции под исто небо“ содржи песни од 23 млади поети, на македонски, албански и на турски јазик. „Нашиот клуб отсекогаш функционирал тријазично, така и ќе продолжиме, затоа што емоцијата е таа која обединува, а нас не обедини емоцијата кон поезијата“, беше речено при промовирањето на книгата.
Во музичкиот дел од роденденското одбележување свои настапи имаа: Ендра Адеми, Бети Лин, Миа Морина,Ебрар Мазар, Фатлуме Мамути и Шпресим Зулбехари.
На настанот беа претставени и најмалите членови, поети јуниори кои пред присутните прочитаа свои стихови.
Клубот додели благодарници на свои поддржувачи и соработници, во знак на почит и добрата соработка.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди