Занимливости
Првиот трансфер во историјата на криптовалутите – Купија играч со биткоин

Трансферот на Давид Барал (37) во третолигашот „”DUX Internasional de Madrid”“ стана уникатен во светот на фудбалот.
Поранешниот напаѓач на вториот тим на Реал Мадрид стана првиот фудбалер во историјата чии услуги се платени со популарната криптовалута биткоин.
– Добредојдовте во нашиот клуб. Тој стана првиот играч во историјата платен во крипто валута – беше наведено во соопштението на тимот што наскоро ќе се вика Интер Мадрид.
Барал одигра повеќе од 50 натпревари за Б тимот на Реал, но не успеа да се пробие во првиот тим, па кариерата ја продолжи во Хихон, а има настапувано и за Леванте и Сантандер.
– Драго ми е што сум дел во овој проект, што ќе ми овозможи да продолжам да се натпреварувам и да ги остварувам своите амбиции – рече Барал.
Колку биткоини се платени не се знае, како и дали властите во Шпанија го признаваат договорот на Барал поради начинот на кој се плаќаше.
Инаку, еден од сопствениците на клубот е голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа.
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче