Занимливости
Првиот викенд на Октоберфест по пандемијата собра 700.000 посетители

И покрај студеното и дождливо време, околу 700.000 луѓе го посетија Октоберфест во првиот викенд од манифестацијата, објавија денеска организаторите.
Тоа е значително помалку од еден милион луѓе, бројот на посетители истиот ден во 2019 година пред пандемијата на коронавирус. Околу 9.000 луѓе облечени во традиционални баварски носии излегоа на улиците на Минхен како дел од традиционалната годишна парада.
Учесниците на парадата низ градот дојдоа од цела Германија, а имаше и групи од САД и Канада.
Таму беа и градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер, како и баварскиот премиер Маркус Зедер, придружувани од нивните сопруги. Низ градот маршираа акробатски танчери, членови на планинарски друштва и членови на Градската гарда на Минхен, која некогаш го чуваше мирот и редот на градските улици и во градските барови.
Традиционалната поворка која се одржува на почетокот на Октоберфест е долга седум километри и е најдолгата ваква поворка во светот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024