Поврзи се со нас

Деца Родители

Со првото дете родителите се однесуваат презаштитнички, второто е поштедено од емоционална тензија…

Објавено

на

Редослед на раѓањето на детето и негово прилагодување во средината

Одредени студии покажале дека најстарото (првородено) дете во семејството има потешкотии во прилагодувањето. Ова го поврзуваат со тоа што родителите кон првото дете се однесуваат повеќе заштитнички, внимаваат детето навреме да оди на спиење, во точно време да јаде, односно родителите повеќе стравуваат во разни ситуации на неговото негување и растење. Првороденото дете оформува една тесна врска со мајката којашто со текот на времето го губи својот интезитет, а најмногу тогаш кога ќе се појави второто дете.

Покрај тоа што првороденото дете е опкружено со преголемо внимание од родителите тоа е жртва и на неискуството на родителите, подоцна од него се очекува да има одредена одговорност за помладото братче или сестриче, а од друга страна пак му е тешко што повеќе не е центар на внимание на неговите родители.   Бидејќи првото дете се чувствува запоставено со раѓањето на неговото братче или сестриче тоа прави се само да го привлече вниманието на родителите. Поради преголемата заштита на првороденото дете од страна на родителите тоа многу лесно може да постане конзервативно, најчесто му недостасува самодоверба и особини на водич. Најчесто е сугестибилно, зависно е, поосетливо, помалку е склоно на  изразување на приврзаност. Поради родителскиот идеализам најстарото дете пати од чувство на неуспех, поради што избегнува да преземе нешто во што е несигурно, а пак тоа го доведува до чувство на несигурност.

Второроденото дете е поштедено од емоционалната тензија  која што родителите ја имале кон првото дете.  Тоа се должи на поголемото искуство коешто родителите го имаат во улогата на родител. Родителите помалку се напнати во одгледувањето и растењето на второто дете, помалку го мазат, помалку се плашат за него, а пак како резултат на тоа второроденото дете обично е помалку зависно од првото. Ставот на мајката спрема второто дете е постабилен и има повеќе топлина бидејќи  мајката не е под влијание на амбиваленција која се јавува како резултат на губење на слободата кога ќе се роди првото дете.

Разликата помеѓу раѓањето на децата е значаен фактор како мајката ќе се однесува спрема децата. Кога разликата во годините помеѓу децата е помала тогаш тоа е подобро и за мајката и за децата, бидејќи кон нив се однесува повеќе рационално, повеќе демократски и со повеќе разбирање.

Разликата во однесувањето на мајката кон децата се приметува се до моментот кога второто дете ќе започне да оди на училиште, но во однос на дисциплината мајката е попопустлива спрема второто дете, а од првото дете бара поголема послушност.

Во семејства со три и повеќе деца средното дете е склоно да биде многу повеќе занемарено во однос на првото дете. Така да и средното дете како и првото има недостаток на агресивност и борбеност, често вниманието не може да го задржи на едно место, многу тешко прима и дава љубов. Утврдено е дека помеѓу средните деца во семејството има најголем број на „неомилени деца“ во семејствата.

Најмалото дете во семејството најчесто останува долго време мало. Родителите најмалото дете го мазат и внимаваат на него дури и тогаш кога веќе е во состојба да се грижи самото за себе. Бидејќи изгледа мало и недоволно зрело во однос на другите деца, често родителите не го земаат во предвид неговото мислење во однос на многу работи. Поради ова во однесувањето кон најмалото дете се јавуваат два екстрема – толеранција и занемарување, а тоа влијае во погледот на светот на најмалото дете и во неговото понатамошно однесување.

Честа е појавата да постарите браќа и сестри ја преземат улогата на родители во воспитувањето на најмалото дете, дури и го казнуваат доколку направи некоја грешка која што не одговара на нивните стандарди. Постарите деца се жалат дека на најмалото му се допуштаат работи кој што нив не им биле допуштени,родителите се премногу попустливи во воспитувањето на најмалото дете,дека е размазено, дека нема никаква одговорност. Од друга страна најмалото дете се жали дека секогаш е туркано на страна, никогаш нема нова играчка или облека, од сите е критикувано. Како резултат на ова најмалото дете кога ќе порасне ќе биде премногу раздразливо како спрема родителите така и спрема луѓето надвор од куќата.

На најмалото дете како такво, секогаш му се помага во се што ќе посака, за него нема тешкотии во постигнување на целта бидејќи секогаш другите работат за него, самодовербата никогаш не му е пореметена бидејќи после него нема друго дете, никогаш не е тргнато на страна и секогаш е центар на внимание, а како такво секогаш ќе има оптимистички поглед на животот.

 

пишува: м-р Слаѓана Ангелкоска, психолог  

Советувалиште за брак и семејство,

Центар за социјална работа – Гостивар

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Занимливостипред 2 часа

Куќата oд филмот „Сам дома“ продадена за 5,5 милиони долари

Македонијапред 4 часа

Трговците со забелешки за Законот за нефер трговски практики

Светпред 6 часа

Вашингтон се подготвува за „најстудената инаугурација“ во последните 40 години

Спортпред 7 часа

Македонија против Холандија вечерва во 2. коло од Светското првенство во ракомет

Гостиварпред 7 часа

Викенд временска прогноза

Здравје и убавинапред 8 часа

Која храна треба да се внесува, а која треба да се избегнува за време на настинка?

Занимливостипред 22 часа

Ова е Европскиот автомобил на годината

Македонијапред 24 часа

Вработените во инспекторатите не зеле декемвриска плата, протестот организиран од УПОЗ продолжува

Гостиварпред 1 ден

За еден ден 100 пријавени за вадење на светиот крст од Радика, Бигорски го објави редоследот на богослужбите за Водици

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 3 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Македонијапред 4 недели

Метео предупредување-Денови со снег, дожд и силен ветер

Спортпред 3 недели

Заврши кошаркарската година, КК Гостивар на 8 позиција

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена