Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Психологија на боите – сината го намалува апетитот, зелената релаксира, црната носи чувство на моќ…

Објавено

на

Дали сте знаеле како одредена боја влијае врз вас и вашето расположение?

Неверојатно е колку лесно може да го подобри расположението кај поединецот, или пак да го влоши. Не е важно дали се работи за боја на облека, ѕидови или едноставно ви се нашла пред очи, бојата има моќ.

Иако запазувањето на боите може да биде под влијание на субјективни фактори, постојат некои ефекти на боите кои имаат универзално значење. Топлите бои (црвена, портокалова, жолта) поттикнуваат широк спектар на емоции, од топлина и убаво чувство па сѐ до аресивност дури и бес. Боите на сината страна на спектарот, познати како ладни бои (сина, виолетова, зелена), се смирувачки, но можат да предизвикаат чувство на тага и апатија.

Лекување со употреба на бои (кромотерапија) денес се користи во холистички третмани и тооа на следнив начин: жолтата го стимулира нервниот систем, црвената ја подобрува циркулацијата, портокаловата го подигнува нивото на енергија итн.

Иако дејството на боите не мора да биде долготрајно, ако се знае да се искористи на вистински начин, може да го подобри нашето расположение, да ни помогне да се опуштиме и да ни го подигне нивото на енергија.

Еве неколку информации за боите.

Црната боја ги апсорбира сите бои во спектарот. Иако се користи како симбол за нешто зло, заканувачко и несреќно, таа претставува и моќ и префинетост. Ако сакаме луѓето да не препознаат како сериозна и одговорна личност, тогаш добро е да се облече црн фустан или костум.

Белата боја често се опишува како ладна боја. Иразува чистота и невиност и поради тоа е неизоставен дел од облекувањето на невестите на венчавка како и изборот на боја на цвеќиња на самиот чин.

Црвената боја се поврзува со љубов, страст и топлина. Предизвикува бројни чувства, од сила до вознемиреност и лутина. На саканата личност ѝ подаруваме црвени рози. Во црвено се облекуваме кога сакаме да бодеме забележани и кога сакаме да освоиме некого.

Сината боја може да помогне во постигнување на чувство на мир и спокој, но и на тага и повлеченост. Сината е мирна, сигурна и релаксирачка боја. Помага во продуктивноста. Многу нутриционисти ја сметаат за боја која го намалува апетитот, па им препорачуваат на своите клиенти да јадат од сина чинија.

Зелената боја ја симболизира природата и нејзините пејсажи. Има позитивни влијание на одстранувањето на стресот и на лекувањето. Кога сте вознемирени, загледајте се во зелена боја (во природа, ливади, полиња, па дури ѕидови со зелена боја) и ќе почувствувате како напнатоста попушта. Зелената боја ја подобрува и концентрацијата.

Жолтата боја е највидлива, па така привлекува и најмногу внимание. Иако често се доживува како весела и топла боја, ако премногу време се помине гледајќи во неа, може да дојде до чувство на бес и фрустрација, па така внимателно со жолтата боја.

Виолетовата боја е симбол за богатство и престиж, духовност, мудрост па и хармонија но и на незрелост и непрактичност. Нијанси на виолетова и лила можат да опуштат и стимулираат во исто време. Оваја бија е релаксирачка и е добар избор за во спана соба. Сооглед на тоа дека стимулира, омилен избор е кај уметниците.

Кафената боја често се наоѓа во природата, а симболизира сила и самодоверба. Претерано останување во браун бои може да доведе до чувство на изолираност и тага. Облекувањето во облека со кафена боја, им вели на останатите дека сте полни со самодоверба, силни и стоите цврсто на земја.

Розе бојата симболизира љубов, романтичност и нежност. За розевата се смета дека има смирувачки ефект. Претежно се смета за “женска“ боја, така да доколку сакате да ја истакнете својата женственост, облечете се ви розеви нијанси.

За крај останува изборот дали платното на животот ќе го обоиме со радост, љубов и смеа или со страв, лутина, каење и загриженост.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 33 минути

Овошјa кои треба да се јадат за здраво и нормално варење на храната

Деца Родителипред 14 часа

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

ИЗБОРИ 2024пред 18 часа

Претседателски избори: Утре први гласаат членовите на ИО во дијаспората

Дафина Стојаноска
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 19 часа

Стојаноска: Кај граѓаните има расположение за промени, го користиме секој момент да ги сослушаме

Гостиварпред 20 часа

Матен случај за имот во Маврово кој гостиварка си го нашла заклучен

Гостиварпред 21 час

Изгорени над 400 хектари шума во НП Шар Планина за еден месец

Гостиварпред 22 часа

Дете нападнато од соученици, случајот пријавен во ОВР Гостивар

Здравје и убавинапред 23 часа

Совети за брзо закрепнување ако имате болки во грбот

Македонијапред 24 часа

МОН ги известило училиштата да ги одработат 24 април и 8 мај во саботи

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена