Гостивар
Психологот Карахасан: Коронакризата е порака да се свртиме кон духовните вредности – Џабе сите пари, ако имаме разводи и семејно насилство

Објавено
пред 5 месецина

Ковид пандемијата донесе најразлични премрежја во животите на луѓето. Борбата не е само на оние кои се борат дирекно со болеста, туку скоро на сите. За голем дел бојното поле е обезбедувањето на егзистенција, како и одржување на менталното здравје.
Во услови на криза, под стрес и во страв од заразување, човековата психа попушта. Се нарушуваат односите во семејството, расте нетрпението и се занишуваат темелите на најважната клетка на општеството, оценуваат психолозите.
„Сигурно дека цела ситуација со ковид 19 не влијаеше позитивно. Како прво имаме пораст на депресивни болести, а со тоа пораст на семејно насилство, на незадоволство, а на крајот на краиштата и на разводи. Генерално, тоа што е тренд не само кај нас, туку и во светот е дека коронакризата влијае врз психичкото здравје. Дојде летото, се надевавме дека ќе се подобри ситуацијата, но не е така, неизвесноста е уште поголема. За есента има најави дека ќе се влошува состојбата, можно е пак да има карантини. Сите тие недоумици и нејаснотии, многуте дезинформации негативно влијае на стабилност на луѓето. Да не зборуваме за финансиските проблеми. Следува период на голема економсса криза, последиците ќе бидат уште повидливи. Трендот не е воопшто оптимистички, но јас сепак се надевам дека проблемите ќе се надминат“, вели Билен Карахасан, психолог во Центар за социјална работа Гостивар.
Како да се остане стабилен и присебен во време на коронакриза, кога честопати владее паника, има разни дезинформации и многу неизвесност? Психологот Карахасан советува луѓето да читаат повеќе книги, да посветат внимание на разговор и заеднички активности со своите блиски и да се свртат кон духовните вредности.
„Луѓето треба да се потрудат да ја најдат смислата надвор од материјалниот свет, бидејќи доаѓа време кога нема да имаме пари. Затоа треба да се свртат кон духовните вредности. Родителите на пример треба повеќе време да им обрнуваат на децата, да го собираат семејството, да се разговара, да се споделуваат спомени, заедно да се прави зимница, да се разгледуваат албуми со семејни фотографии и слично. Во оваа криза, треба да се стремиме кон тоа духовно единство. Веројатно ова што се случува со короната во светот е еден вид порака до сите нас, затоа што сме изгубени во материјалниот свет. Џабе сите пари, ако имаме разводи, деликвенција, семејно насилство. Џабе ни се пет телефони, ако немаме хармонија со блиските и мир во душата. Мислам дека доаѓа време на нов духовен препород на тие што ќе размислат и сфатат дека ова е порака да се свртиме кон духовните вредности“, вели психологот.
И Светската здравствена организација предупреди дека на светот му се заканува глобална криза по менталното здравје предизвикана од ковид пандемијата. Како најранливи групи во тој поглед, СЗО ги посочи децата, младите луѓе, како и здравствените работници поради фактот што се сведоци на голем број на тешки случаи, па и починати од корона вирусот.

АНКЕТА:

КК Гостивар денес ја пречекува екипата на МЗТ 2

Приведени три лица во Гостивар поради трговија со кокаин

Самовработување со кредитирање – од 5 до 10.000 евра за невработените за свој бизнис

Денес направете си ванила пита, од вкусно повкусно

Верувале или не?!

МОНТЕНЕГРО МАРКЕТИ “Нова неделна акција” (15.01.2020 до 21.01.2020)

403 нови случаи на ковид-19 во земјава

Гостиварката д-р Хатије по вакцинирањето: Немам никакви несакани ефекти, вакцината е светлина на крајот на тунелот

Обновени се податоците: Проверете дали сте добитник на финансиска помош од 6.000 денари

Надминат проблемот на „купувај домашно“ приговори може да поднесуваат и граѓаните на Општина Гостивар

Поставена спомен плоча во чест на полицаецот Ѓурчиновски кој загина во несреќа на патот Гостивар-Тетово

Во тек е исплата на финансиска помош од 100 евра, приговорите се разгледуваат

На „купувам домашно“ нема опција за приговор за граѓани на Гостивар

Детали од банкомат кражбата во Гостивар: Го исклучиле алармот, користеле хебли и брусилици…

Проституцијата цвета, во Гостивар над 270 девојки и жени даваат сексуални услуги

Инфектологот Наумоски од Гостивар за личната борба со ковид: Болеста ја погодува психата, поддршката од блиските и околината е најважна

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)

Почнува! Априлијада на Gostivarpress.mk (прв дел)

ФОТО ВЕСТ: Полициски час! Гостивар после 21 часот
Популарно изминативе 100 дена
- Здравје и убавинапред 1 месец
Цинкот е неопходен за силен имунитет – еве во која храна најмногу го има
- Технологијапред 2 месеци
Вредноста на биткоинот премина 18.000 долари
- Занимливостипред 2 месеци
Зошто мобилните телефони секогаш ви паѓаат на страната од екранот?
- Гостиварпред 3 месеци
Гостивар во тага, го загуби доктор Трајче Нешковски
- Спортпред 3 месеци
Важни победи за ФК Гостивар и Вардар Форино во 7.коло во 2МФЛ
- Гостиварпред 3 месеци
Од полноќ поевтинуваат бензините
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ нови цени на горивата
- Рецептипред 2 месеци
Подгответе сочна есенска пита од јаболка