Деца Родители
Психолошки карактеристики на децата во рана училишна возраст
Запазувањето како процес во раната училишна возраст се усовршува и се развива до усовршување. Запазувањето во овој период јасно се дефинира, на неговиот развој влијаат анализаторите и искуството на детето. Пред да појде на училиште посматрањето на детето е многу субјективно, се уште не е во можност да ги оддели важните од неважните работи, во тој период го интересира надворешната страна на предметите и појавите. Но, со започнување на училишниот период под влијание на наставата, со оформување на интересите, идеалите, со умствениот, емоционалниот развој на ученикот се развиваат нови форми на запазување, се развиваат запазувања кој служат за избор. Тоа значи дека детето околу седмата, осмата година не запазува случајно, неговото запазување е организирано и хомогено, значи еден насочен процес. Искуството го обработува од повеќе страни, детето станува се поспособно во посматрањето да го разликува она што е важно во предметите, од она што не е важно. Со тоа се зголемува точноста и објективноста во запазувањето. Детето постанува екстравертно, насочено кон надвор. Детето постепено учи да направи разлика помеѓу реалниот и нереалниот свет и се повеќе го привлекува реалноста, сака да го запознае реалниот свет и можноста како со него би владеел. Така да кон крајот на оваа возраст сликата за светот на детето е реалистична. Бидејќи на детето се уште му недостига критичност, некои психолози овој период го нарекуваат наивен реализам. Детето го сфаќа светот онаков каков што го гледа, па затоа зборуваме за неговата оптичка слика на светот .
Перцепција на просторот и времето – на оваа возраст детето предметите ги перципира според квалитетот на просторот и истите ги разликува и соединува според обликот. Околу осмата и деветата година веќе може да го одреди правецот во просторот независно од сопственото тело, во однос на предметите. Детето започнува да го перцепира предметот онаков каков што е навистина. Во овој период започнува да се развива и разбирањето на перспективата. Во седмата година детето стекнува стабилност на видливиот свет, оваа стабилност се развива до десетата година кога и релативно се завршува. Личниот простор на детето е прилично проширен, детето веќе може да ја разликува левата и десната страна кај него и другите .
Перцепцијата на времето зависи од чувството на детето и неговото душевно доживување. Една година за детето означува поим исполнет со годишни времиња кој на детето му оставаат одреден впечаток. Почетокот и крајот на неделата го поврзува со почеток и крај на наставата. Веќе од осум години детето започнува да внимава на тоа да стигне на време тамо каде што треба да биде, започнува да го гледа времето на часовник . Од деветата година детето е временски добро организирано во согласност со искуството.
Внимание – Еден од основните услови за успехот на детето во училиште е неговата концентрација во работата. Вниманието има свој корен во мотивационата основа на целокупната личност на детето. Вниманието на детето во овој развоен период се уште зависи од неговите чувства, расположение и интереси. Околу седмата и осмата година веќе може да се забележат видливи промени и вниманието на детето не е лесно да се оттргне. Од осмата година своето внимание може да го насочи на поедини делови на предметите, и вниманието е потполно и точно. Траењето на вниманието се зголемува, реално вниманието може да се одржи 25-35 минути. Обемот на вниманието исто така расте. На седум, осум години обемот на вниманието е два до три елемента. На оваа возраст потребно е детето претходно да се припреми за внимание, потребно е кај него да се разбуди желбата и интересот за внимание на одредена работа. Вниманието е резултат на сестраниот развој на личноста на детето , пред се неговите интереси и желби и во таа смисла може да биде карактерна црта на личноста .
Мислење – мислењето кај детето во овој период на неговиот развој е врзано за чувствата и карактеристиките на детето. Апстрактните поими и теории им се многу малку достапни на децата. Кај детето од шест, седум гоини присутни се конкретно – логичките операции и не е во можност да врши комплицирани формални мисловни операции. Поимите коишто се присутни кај детето до десетата година се субјективни и очигледни и неговото воопштување е непотполно. Помеѓу седмата и единаесетата година започнува да се оформува индуктивно и дедуктивно заклучување. Кај детето преовладува само она заклучување чии премиси детето ги утврди во посматрањето, што значи конкретно заклучување, апстрактните заклучоци без очигледна основа на детето не му се достапни. Во детскиот мисловен свет преовладува конкретното мислење кое е врзано со вниманието и перцепцијата на предметите и нивната корисност. Може да се забележи и присуство на креативноста и фантазирањето во детското мислење, додека пак детето не е спремно за критичко размислување. Од деветата до дванаесетата година детето веќе почнува да ги користи апстрактните поими, но во конкретно предметна смисла и почнува да користи вербално – логичко и апстрактно мислење. Критичкото мислење од десетата година е составен дел на личноста.
(следува: Емоционален и социјален развој на детето во рана возраст)
пишува: м-р Слаѓана Ангелкоска, психолог
Советувалиште за брак и семејство,
Центар за социјална работа
Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди