Гостивар
Психолозите Наумовска и Карахасан во „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“: Зошто имаме толку стрес, како да најдеме душевен мир…?

На прагот сме на премиера на ново издание на видео емисијата „Минути за секого“, во кое овојпат посветуваме внимание на многу важно прашање за секој човек – Менталното здравје.
Низ разговор со стручни лица, се обидуваме да го разгледаме од повеќе аспекти и да одговориме на многу прашања кои го мачат денешниот човек: Што влијае врз менталниот склоп, зошто луѓето поголем дел од времето се чувствуваат дека се под притисок и изложеност на стрес, кои се причините за раст на анксиозноста и депресијата, зошто семејството се наоѓа во криза и има зголемен број на разводи, дали обичните луѓе се преоптоварени со политика, како да ја спасиме младината и да ја извадиме на вистински пат, зборуваме и за булингот…Отвораме уште многу други прашања, ќе има и по некој совет и порака, кои веруваме дека ќе го задржат вашето внимание, почитувана публико.
И во оваа емисија имаме одлични соговорници, а тоа се психолозите Моника Наумовска од гимназија Гостивар и Билен Карахасан од Центар за социјална работа Гостивар.
Емисиите овозможуваат еднаков пристап на лицата со оштетен слух, се прикажуваат со толкување на знаковен јазик.
Премиера ви закажуваме утре (30 октомври) на Јутуб каналот на Gostivarpress.mk.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград