Поврзи се со нас

Гостивар

Психолозите објаснуваат зошто луѓето купуваат големи количини тоалетна хартија за време на пандемија

Објавено

на

Тоалетната хартија е забележлива и се купува насекаде, иако не нуди никаква заштита од корнавирусот, ниту пак се смета суштинска за опстанок, како што се лебот и млекото.

Па, зошто тогаш луѓето купуваат толку многу тоалетна хартија?

Луѓето одат во крајност кога слушаат различни пораки
Стивен Тејлор е клинички психолог и автор на „Психологијата на пандемиjата“, кој дава историски преглед за тоа како луѓето се однесувале и како реагирале на пандемиите. Споредено со претходните пандемии, глобалниот одговор за коронавирусот е главно ширење на паника.

Разбирливо е, од една страна, но претерано е, од друга страна. Можеме да се подготвиме и без паника“, вели Тејлор, професор на Универзитетот во Британска Колумбија.

Коронавирусот ги исплаши луѓето затоа што е нов и многу работи сè уште не ни се познати. Кога ќе слушнат различни пораки за ризиците што тој ги носи и колку сериозно треба да се подготви за него, луѓето се во состојба да одат во крајности, според Тејлор.

Кога ќе им кажете на луѓето дека се случува нешто опасно по живот и дека сè што треба да сторат е да ги мијат рацете, не им делува пропорционално со заканата. Посебните опасности бараат посебeн пристап кон мерки на претпазливост“, вели Тејлор.

Некои тоа го прават поради непрецизните насоки од одговорните службени лица
Многу држави веќе воспоставија масовни карантини. Луѓето тоа го гледаат, купуваат тоалетна хартија и други материјали за домаќинството, веројатно, за да се подготват за истата ситуација во нивната земја, смета психологот Барух Фишхоф.

Ако луѓето не ги виделе ветувањата на властите дека сите ќе бидат згрижени и ако пораките од службените лица не ги уверуваат во тоа, ги става во ситуација на двоумење дека можеби ќе им треба и дополнителна тоалетна хартија и подобро е да ја обезбедат на време. Факт е дека немите службените ветувања поприлично влијаат на овие работи “, вели тој.

Паниката создава панично пазарување
Фотографиите од празни полици во продавниците и корпи полни со намирници ги преплавија вестите и социјалните мрежи. Луѓето гледаат на слики купувачи кои купуваат работи во паника и мислат дека постои причина за тоа и затоа купуваат сè што ќе им падне на ум.

Луѓето се социјални суштества и тие се гледаат едни со други, набудувајќи што е опасно, а што е безбедно. И кога ќе видат некој во продавницата да купува панично, може да предизвика несакан ефект на зараза од страв“, вели Тејлор.

Сите оние фотографии од празни полици и гужва по маркетите можат да ги натераат луѓето да веруваат дека треба да набават тоалетна хартија што е можно поскоро. Како што тврди Тејлор, она што започнало како замислен недостаток, станува вистински недостаток.

Социјалните мрежи се важни играчи во внесувањето страв од коронавирус помеѓу луѓето, смета и Тејлор. Дезинформациите лесно се шират на отворените онлајн платформи, неофицијалните профили каде секој може да наведе што сака, ги засилуваат гласовите на паниката.

На некои тоа им дава чувство на сигурност
Тејлор вели дека оние што се снабдуваат со потребните продукти размислуваат за себе си и за своите семејства мислејќи на она што им е потребно подобро да се подготват.

Сето ова се случува благодарејќи на предвремената анксиозност. Луѓето стануваат вознемирени пред вистинската зараза и не размислуваат за широката слика, како тоа, кои се последиците и предностите од акумулирањето на тоалетна хартија“, вели Тејлор.

Сепак, луѓето така се однесуваат само од страв. Фишхоф вели дека подготвувањето, па дури и купувањето тоалетна хартија, го враќа чувството на контрола врз она што изгледа како безнадежна ситуација.

Во зависност од тоа како луѓето ги проценуваат потребите дека ќе им треба толку тоалетна хартија, сето ова малтретирање и купување количини тоалетна можеби вреди. Ако тоа им остава чувство дека направиле сè што можеле, и тоа им дава слобода да размислуваат за нешто друго освен за коронавирусот, вреди.“, вели Фишхоф.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 29 минути

И сонце и врнежи во деновите од новата работна недела

Здравје и убавинапред 13 часа

Што треба да знаете ако чувате чаша со вода ноќе покрај креветот

Македонијапред 18 часа

Можно е ограничување на цените на храната

Светпред 20 часа

ТикТок во Албанија ќе биде блокиран деновиве, најави Рама

Гостиварпред 23 часа

Света литургија во црквата ,,Успение на Пресвета Богородица” во Гостивар: Не осудувајте, не мразете, од срце проштевајте!

Рецептипред 23 часа

Крцкав чипс од тестенини – совршена закуска за секоја прилика

Технологијапред 2 дена

Зошто треба да е вклучен авионскиот режим на електронските уреди додека се лета со авион?

Македонијапред 2 дена

Протестен марш „Стоп за сообраќајното насилство“- Правда за Фросина

Македонијапред 2 дена

Прометот во големите маркети во четврток и петок намален за 22%

Гостиварпред 3 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 4 недели

Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар

Магазинпред 4 недели

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Гостиварпред 2 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 2 недели

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 4 недели

Сучење на врвките за градскиот крст во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Да се остранат возилата на патот Маврово – Бунец преку Никифорово и Леуново, повика „Македонија пат“

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена