Вести
ПСК „Бистра“ се подготвува за 25-ти јубилеен марш „Аџина Река 2018“
Планинарскиот спортски клуб Бистра од Гостивар, се подготвува за традиционалниот марш Аџина Река 2018. Кој ќе се одржи по јубилеен 25-ти пат. Од ПСК „Бистра“ ги повикуваат сите љубители на планините и природата кои се чувствуваат способни да го испешачат 26 километарски марш да им се придружат и бидат дел од јубилејниот марш.
ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА 25-тиот ЈУБИЛЕЕН ТРАДИЦИОНАЛЕН МАРШ АЏИНА РЕКА 2018
Почитувани планинари, љубители на природата и добронамерници,
Планинарското друштво ПСК Бистра Гостивар со голема чест и задоволство Ве поканува на 25-тиот традиционален марш АЏИНА РЕКА 2018
Настанот се одржува на ден 10.06.2018год (Недела).
ПРОГРАМА И ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАСТАНОТ
• 06:00 часот – Тргнување од пред Општина Гостивар со организиран превоз од ПСК БИСТРА Гостивар
• 06:30 часот – Собирно место во село Маврови Анови со останатите планинарски друштва , по што се упатуваме кон Торбешки Мост
• 08:00 часот – Старт од Торбешки мост 1394м.н
• Највисока точка на искачување – 2063 м.н по изминати 11,05 км
• Должина на патеката – 26 км
• Крајна цел – село Долно Јеловце 1053 м.н
• Свечен ручек во село Долно Јеловце
• Патеката е во еден правец, за секое возило потребен е шофер кој истото ќе го врати на целта во Д.Јеловце до кој има асфалтен пат.
• Карактеристики на патеката – Средно тешка
НАПОМЕНА
• Дополнителни информации и пријавување на учесниците и планинарски друштва (за точна бројка на планинари) е најдоцна до 08.06.2018 год (Петок) на тел: 075 433 781 Бобан Нанчески
• За сите оние кои немаат организиран превоз, ПСК Бистра ги организира од Гостивар до стартна позиција и од Долно Јеловце до Гостивар -цена 400 мкд
• Сите учесници треба да се психофизички и кондиционо подготвени, секој учесник зема учество на сопствена одговорност и одговара за својата психофизичка подготвеност
• Секој учесник потребно е да има соодветна планинарска облека според најавата за временската прогноза, задолжителна планинарска опрема (планинарски обувки, стапчиња ), крема со заштитен фактор, капа, наочари…доволно храна и вода од ранец до ручекот во с.Д.Јеловце
• Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките од организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици
• Организаторот и водичите имаат право да исклучат учесник пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената акција, доколку учесникот и покрај препораките одлучи да продолжи сам одговара за евентуалните последици .
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди