Вести
Пукањето на свадби може да чини човечки живот
Сезоната на свадби и други семејни веселби во гостиварскиот регион се карактеризира со повремени нарушувања на јавниот ред и мир, пукање од огнено оружје или неовластено приредување на огномети. Семејното славење со пукање се практикува, без да се мисли на опасноста и последиците кои некогаш може да бидат и фатални.
Како што информира полицискиот портпарол, Марјан Јосифоски, минатата година на гостиварското подрачје биле регистрирани пет случаи на „предизвикување општа опасност“ со неовластено пукање од огнено оружје на свадбени свечености, организирани претежно во летните месеци. Во инцидентите со повреди од прострелни рани завршиле неколку лица, а оштетени биле куќа, ограден sид од двор и моторно возило.
Во насока на превенирање на несакани последици од ваков вид, полицијата апелира до граѓаните да се воздржат од пукање со оружје, како и од неовластено организирање огномети. Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува дека пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а глобата за ваков вид прекршок се движи од 200 до 500 евра. Покрај тоа, зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет, односно десет години.
Што се однесува до свадбените огномети, тие треба задолжително да се пријават во полициските станици или одделенија на подрачјето на кое се организираат, во зависност од нивната категорија. Организаторите пак се должни навреме да ги спроведат пропишаните превентивни мерки .
Од полицијата најавуваат дека во месеците кои претстојат, во значителна мерка ќе ги засилат контролните активности за откривање и санкционирање на ваквите нарушувања на јавниот ред и мир.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград