Гостивар
Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Експлозија на планина, па чад во боја над гостиварска Горна Бањица. Вака отпочнаа градежните работи за изградба на автопатот Гостивар – Букојчани, дел од Коридорот 8, проект што е во рацете на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.
Денешната активност беше најавена како минирање за пробивање на трасата на автопатот, а освен менаџментот и тимови на конзорциумот, дојдоа да ја проследат и вицепремиерот и координатор на активностите за изградба на коридорите 8 и 10д Артан Груби, Американската Амбасадорка Анџела Агелер, директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Нивна задача беше да го притиснат тастерот за да се активира експлозивот на планината.
„Ова е прва реална активност на терен со којашто почнува изградбата на коридорот 8 и на коридорот 10д. Тоа што сите го очекувавме го реализираме денеска, а го ветивме минатата недела. Сакам да им честитам и на ЈПДП и на „Бехтел и Енка“ за успешниот почеток на работата. Тука каде што стоиме поминува новиот автопатот Гостивар – Кичево, а материјалот којшто ќе биде обезбеден од минирањето на оваа планина ќе биде искористен за изградбата на автопатот Тетово – Гостивар и на помошниот магистрален пат, странично од Тетово накај Гостивар. На најтранспарентен, најотворен начин ги вршиме работите за да се убеди јавноста дека коридорите ќе се изградат во рекордно време и најквалитетно“, изјави Груби.
На новинарско прашање, кои фирми се подизведувачи на работите, вицепремиерот рече дека тоа било избор на конзорциумот. „Ниту Владата, ниту која било политичка партија или министер, не си дозволува, нема право, не смее и нема можност да влијае врз изборот на подизведувачи. Тоа го прави „Бехтел и Енка“. Нивна одговорност е да го изградат патот, но и кого да изберат, зашто ако не го изградат патот ќе сносат одговорност, и тие и подизведувачите“, подвлече тој.
Имиња на компании не кажаа ниту менаџерите на конзорциумот. Директорот на проектот, Џошуа Бејкер одговори само дека има 37 подизведувачи, од кои 36 се македонски, и дека биле избрани според строги интернационални критериуми.
Во јавноста деновиве беше објавено дека меѓу подизведувачите е фирмата „Еуровиа“, за која се знае дека е еден од најголемите донатори на ДУИ.
За вршењето на самите градежни работи Бејкер пак, беше крајно уверлив во изјавата. „Сега кога веќе почнавме со работата на терен, нема да престанеме додека не се заврши“.
Според роковите во договорот, изградбата на автопати на Коридорите 8 и 10д треба да заврши за помалку од пет години. Финансиската рамка на проект изнесува 1,3 милијарди евра.
Директорот Рустеми денес не ја знаеше точната сума која до сега му е префрлена на конзорциумот и рече дека се работи за 176 или 179 милиони евра, кои биле исплатени врз основа на потпишаниот договор и финансиската програма.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!