Поврзи се со нас

Македонија

Пуштен Коридорот 10: Скопје – Белград за три и пол часа

Објавено

на

Oд Скопје до Белград за три и пол часа, од Табановце до Хоргош за околу пет часа. Завршен е јужниот крак од Коридорот 10 во Грделичка клисура што вчера и официјално е пуштен во употреба. На свеченоста, покрај претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ, претседателот на Република Српска, Милорад Додик и претставници на дипломатскиот кор кај северниот сосед, присуствуваше и премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

„Ова е голем ден за нас. Се воодушевувам на сите што во изминатите години вложија исклучителни напори за совладување на природата и сите пречки во Грделичка клисура и во неа да се изгради единствена сообраќајница што е од посебна и непроценлива вредност. Автопатот, пред се, ќе има големо значење за развојот на регионот, за нови инвестиции, за отворање на нови фабрики и за вработување. Никој не може да ме убеди дека нашите патишта се полоши од оние во Германија и Швајцарија“, истакна српскиот претседател Вучиќ.

Јужниот крај од Коридорот 10 е во должина од 26,3 километри. Дел е од паневропскиот сообраќаен коридор што ги спојува Салцбург во Австрија и Велес во Македонија. Неговата изградба почна во 1970 година, а роковите за изградба во неколку наврати се пробиваа. Активностите во Грделичка клисура стартуваа во 2013 година и бараа најмногу време бидејќи на делницата има преку 30 моста и два тунела од кои тунелот „Манајле“ е најдолг во Србија.

Делницата низ бројки изгледа вака: совладани се девет косини, пробиени се два тунела и изградени се 36 моста. Вредноста на јужниот крак од Коридор 10 е 350 милиони евра, средства што во најголем дел се обезбедени со кредити од Светска банка и Европската инвестициска банка. Србија паралелно го гради и источниот крак од Коридорот 10 до Бугарија, кај Димировград што, според најавите, ќе биде готов до есен.

Автопатот е опремен со најмодерна сигнализација, а брзината на движење е ограничена на 80 км./ч., но возењето не смее да биде и побавно од 30 км./ч. Низ целата должина е обележан со т.н. вибралинии чија функција е држење на будност на возачите. Времето за минување на делницата низ Грделичка клисура е 20 минути, ограничувањето на тој дел е 100 км./ч.

Извор: Нова ТВ

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Македонијапред 12 часа

Македонија во спомен на 59-те жртви во пожарот, собир и на плоштадот во Гостивар

Македонијапред 13 часа

Контрола на кабареа, ноќни и диско клубови-Донесени забрани за работа

Македонијапред 14 часа

Извршени претреси во Министерство за економија, управителот и одговорното лице на „Пулс“ и Општина Кочани

Македонијапред 16 часа

Погребот на загинатите во пожарот во Кочани ќе биде во четврток

Македонијапред 18 часа

Тошковски разреши началници и командири во Штип и Кочани

Македонијапред 19 часа

Во храмовите на МПЦ-ОА утре и во петок заупокоена литургија, парастос за упокоените и молитва за повредените

Македонијапред 21 час

Да не се шпекулира со бројот на загинати во пожарот во Кочани, апелира Владата

Македонијапред 22 часа

Притвор од 48 часа за Бектеши, Трајковски и уште 12 осомничени лица за пожарот во Кочани

Македонијапред 23 часа

Поради трагедијата во Кочани ден на жалост и во Србија, Бугарија, БиХ, Црна Гора

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 8 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена