Поврзи се со нас

Гостивар

Пуштен во употреба Централен регистар на население

Објавено

на

Личните податоци на граѓаните коишто им се потребни на институциите за нивните управни постапки, отсега ќе ги добиваат преку Централен регистар на население. Регистарот им овозможува на институциите кои работат со личните податоци на граѓаните, тука да ги најдат најновите и најпрецизни податоци за граѓаните без потреба од рачно одржување и ажурирање, соопштија од Министерството за информатичко општество и администација.

„Регистарот на население содржи податоци кои се унифицирани, верифицирани, стандардизирани и валидизирани. На овој начин, со пуштање во употреба на Регистарот, граѓаните конечно нема да се соочуваат со проблемот на различни податоци во различни институции и дати бази.“, истакна министерот Дамјан Манчевски.

Регистарот ќе го помогне спроведувањето на идниот Попис на населението, а податоците од Регистарот ќе бидат и искористени и за пречистување на Избирачкиот список. МИОА воведува нова услуга со која секој граѓанин може да провери кои податоци се запишани во регистарот и да побара информација за тоа која институција, кога и поради која причина ги користела податоците.

Министерството ќе воведе единствен електронски број за секој граѓанин, кој ќе помогне во комуникацијата меѓу институциите, со оглед дека не смее да се разменува единствениот матичен број.

„Регистарот на население е основата без којашто дигитализацијата на јавната администрација беше невозможна. Податоците впишани тука, се дел од Националниот портал за е-услуги, којшто исто така, многу скоро ќе биде пуштен во употреба. Се што досега беше синоним за досадни, долги, фрустрирачки редови на чекање, од следниот месец ќе почнува постепено да биде заменето со неколку кликови на Порталот за е-услуги, од вашиот компјутер или мобилен. Реформата на јавната администрација со цел обезбедување на побрзи и поквалитетни услуги на граѓаните може да се реализира само со помош на дигитализацијата. Од денеска, можам со задоволство да кажам дека тој процес е конечно во фаза на континуирана реализација и имплементација“, изјави Манчевски.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена