Поврзи се со нас

Гостивар

Пуштено во употреба реновираното Детско одделение во Гостивар, современи услови за најмалите пациенти

Објавено

на

    Дечињата пациенти во болницата во Гостивар отсега ќе се лекуваат во современи услови. Симболично, на Светскиот ден на детето 1 јуни, беше пуштено во употреба целосно реновираното педијатриско одделение.

    Ова е прва поголема реконструкција на одделението откако е изградено во 1988 година. Со зафатот беа реновирани подот, таванот, водоводот, поставени се комплетна нова инсталација на електричната енергија, нови врати, извршено е уредување на болничките соби, тоалетите и другите простории со вкупна површина од 700 квадратни метри.

    „Со помош на донатори се набави мебел, бироа, гардероби, детски кревети, завеси, кујна, телевизор и медицинска опрема. Украсувањето на просториите и ѕидовите со цртежи од детскиот свет го направија учениците од гостиварското техничко училиште, со што се даде поразлична димензија, каде детето пациент нема да има впечаток дека се наоѓа во болница. Овој капитален проект ги исполнува сите услови и современи стандарди и личи на европско одделение“, истакна директорот на болницата, Илбер Адеми.

    Инвестицијата е над 14 милиони денари, средства од буџетот на болницата.

    Во просек на педијатрија се вршат 800 амбулантски прегледи месечно, односно над 9.000 годишно, додека бројот на хоспитализиразни деца се движи од 600 до 700 во една година.

    „Сега со реновирањето на одделението и подобрувањето на условите верувам дека услугата од медицинскиот персонал и лекувањето на болните деца ќе биде поефикасна , додека децата полесно ќе поминуваат во одделението. Освен што пружа медицински услуги за децата од нашиот град, нашето одделение покрива и пациенти од околните села и општини“, рече меѓу другото, раководителот на педијатрија, Висар Муча.

    На свеченото отворање свое обраќање имаше и министерот за здравство Фатмир Меџити, но само на албански јазик. Министерот, иако се обрати на јавен настан за проект реализиран од народни пари, не зборуваше на македонски јазик.

    На пуштањето во употреба на Детското одделение во болницата „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар присуствуваа и вицепремиерот Артан Груби, директорот на Фондот за здравство Фатон Ахмети и други функционери и личности од политичкиот живот.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 4 дена

    9 мај – Ден на победата над фашизмот

    Македонијапред 4 недели

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Светпред 3 недели

    Рускиот претседател Путин објави велигденско примирје – запираат сите воени операции

    Видео емисиипред 3 недели

    ВИДЕО | Пчеларката Весна од Гостивар и нејзините вредни пчелки

    Што, како, каде?!пред 4 недели

    „Ла Шишко 3“ со повторно отворени врати за љубителите на слатки задоволства

    Гостиварпред 4 недели

    „Браќа Ѓиноски“ со Велигденски концерт на Велики Четврток

    Културапред 4 недели

    Изложба на фотографии со културното наследство на Гостивар – Да се знае, почитува и чува!

    Културапред 4 недели

    Да се претстават обичаите, да се задржи традицијата! Велигденски концерт со ора и песни во Гостивар

    Гостиварпред 4 недели

    Гостиварски театар ги подготвува претставите „Манијак“ и „Цилиндар“

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена