Поврзи се со нас

Регион

Путин: Направивме се за да се реши проблемот по мирен пат, но Западот имаше поинакво сценарио

Објавено

на

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати денеска пред Федералното собрание, каде изјави дека Москва направила сè за мирно да го реши проблемот со Донбас, но дека Западот имал „поинакво сценарио“.

„Трпеливо водевме преговори пред овој исклучително тежок конфликт. Но, зад нашиот грб се подготвуваше поинакво сценарио“, рече Путин, пренесува Спутник.

„Тие си играа со животите на луѓето и ги уништија Југославија, Либија и Сирија без совест и никогаш нема да можат да го измијат тој срам. Западот потроши 150 милијарди долари за воена помош за Украина, реките пари сè уште не запираат. Ние не војуваме со народот на Украина, тие самите станаа заложници на режимот во Киев“, рече Путин за Западот.

Тој изјави дека западот повторно го крои сценариото „колку повеќе западни системи со долг дострел пристигнуваат во Украина, за толку повеќе Москва ќе мора да ја отфрли опасноста од нејзините граници“.

„Стратешки пораз? Што значи тоа за нас – тие сакаат еднаш засекогаш да не докрајчат, имаат намера локалниот конфликт да го претворат во фаза на глобален конфликт. Ние така го разбираме, бидејќи во овој случај се работи за опстанок на нашата земја. Но, тие не смеат да признаат дека е невозможно да се победи Русија на бојното поле, затоа нè напаѓаат поагресивно“, рече Владимир Путин.

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Наша цел е поправедно општество и еднаквост, порачаа гимназијалците од Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 1 ден

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 2 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена