Вести
Путин: Произведувме ПВО ракети колку сите други производители во светот, победата во Украина е неизбежна

Претседателот на Русија Владимир Путин денеска изјави дека неговата земја направила се за да ја нормализира ситуацијата со мирни средства и не дојде до конфилкт во Донбас, но тоа по дефиниција не било можно. Тој посочи дека Русија не може да не реагира на настаните што се случија во Украина од 2014 година.
„Долго страдавме, долго се обидувавме да се договориме. Како што се испостави сега, нè влечеа за нос, не измамуваа. Вакво нешто не ни се случува првпат. Сепак, направивме се за мирно да се нормализира ситуацијата. Сега стана очигледно дека такво нешто, по дефиниција, било невозможно“, рече Путин на средбата со ветераните од Втората светска војна по повод 80-годишнината од пробивањето на блокадата на Ленинград.
Рускиот претседател за време на денешниот разговор со работниците на „Фабриката Обухов“ во Санкт Петербург изјави дека победата на Русија е неизбежна.
„Ние, како пример, годишно произведуваме три пати повеќе ракети за противвоздушна одбрана отколку Соединетите Американски Држави. Руската одбранбена индустрија годишно произведува исто толку ракети за противвоздушна одбрана колку сите други производители во светот, а тоа, меѓу другото, влева доверба во победата на Русија во Украина. Од гледна точка на конечниот резултат и победата која е неизбежна, има неколку работи кои не исчезнаа и кои се основата на нашата победа. Тоа е единството и солидарноста на рускиот и мултинационалниот народ на Русија воопшто, тоа е храброста и херојството на нашите борци во специјалната воена операција и на линијата на фронтот, и секако, работата на воено-индустрискиот комплекс.“, рече Путин, пренесува Спутник.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 2 недели
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава