Вести
Путин: Русија нема да испорачува гас на земјите што ја ограничуваат цената

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија нема да испорачува енергенси на оние земји кои ќе им наметнат ограничувања на цените.
„Русија нема да дејствува спротивно на здравиот разум и нема да плаќа за благосостојбата на други луѓе од своја сметка“, рече Путин на форумот „Руската недела на енергија“ во Москва .
Путин изјави дека САД, Украина и Полска имаат главна придобивка од саботажата на Северен тек.
„Нема сомнеж дека саботажата на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ е акт на меѓународен тероризам, чија цел е поткопување на безбедноста на целиот континент. Логиката е цинична – да се уништуваат и блокираат изворите од евтина енергија. На крајот на краиштата, геополитичката важност на преостанатите гасоводи кои се користат сега се зголемува, а тие минуваат низ територијата на Полска, Јамал-Европа – низ територијата на Украина, кои некогаш биле изградени од Русија, како и САД, се разбира сега тие можат да снабдуваат енергија со високи цени“, рече Путин.
Под овие услови, рече тој, можно на европските земји да им се наметнат големи количини течен природен гас од САД, што е очигледно инфериорно во однос на конкурентноста на рускиот гас.
„Американските цени се многу повисоки и тоа им беше добро познато на сите порано, а сега е уште повеќе“, додаде Путин.
Тој исто така нагласи дека на Русија можеби нема да и биде дозволено да интервенира во моментов, но дека поправките на Северниот тек се можни доколку има „економски оправдана операција и се обезбеди безбедност на трасата“.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?