Поврзи се со нас

Гостивар

Работилница во Гостивар: Локалниот совет за превенција може да помогне за клучните проблеми на граѓаните

Објавено

на

Сообраќаен метеж, кучиња скитници, тепачки меѓу младите, бучава од кафулињата, дивоградби… Ова се неколку од проблемите кои граѓани во анкета ги навеле како приоритетни за решавање во Гостивар. Анкетирањето било спроведено во склоп на проект за поголемо активирање и зајакнување на Локалните совети за превенција, што го спроведува Здружението Медиа плус, во соработка со Општина Гостивар.

„Анкетирањето беше спроведено преку фокус групи и онлајн анкета. Како проблеми и предизвици кои треба да ги решава Локалниот совет за превенција беа детектирани тепачки меѓу учениците во средни училишта, возење автомобили и мотори без дозволи, населението кое живее близу судот се жали на бучава од кафулињата до 2 – 3 часот после полноќ. Граѓаните потоа наведуваат дека има градење без дозволи, го повторуваат познатиот проблем со палењето на депонијата, има забелешки на фрлањето на сметот итн.“, изјави Весна Коловска, новинар и истражувач.

Локалните совети за превенција може многу да придонесат во детектирање и надминување на проблемите во општините, но сознанијата говорат дека тие не доволно функционираат, истакна на денешната работилница во Гостивар, Данче Николовска Вратеовска, волонтер во областа на превенцијата.

„Локалниот совет за превенција е суштествен и значаен механизам, но не е доволно познат и функционален. Токму затоа и ја одржуваме оваа работилница. Да придонесеме за зајакнување на капацитетите на членовите на советот, но и да дадеме видливост за постоењето на еден ваков механизам кој е формиран со цел да детектира локални предизвици и проблеми, да ги адресира до надлежните во прилог на подигнување на степенот на безбедност во самата општина, а со тоа и квалиттеот на живот на граѓаните“, рече Данче Николовска Вратеовска, волонтер во областа на превенцијата

Во Гостивар, Локален совет за превенција прв пат беше формиран во 2012-та година, но по неколку години престана да функционира. Телото беше реактивирано во 2018-тата и повремено одржуваше состаноци. Годинава, ковид пандемијата ја паузираше работата на Советот.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ИЗБОРИ 2024пред 24 минути

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 3 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 5 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 6 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 7 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 8 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 9 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 10 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена