Гостивар
Работилница во Маврово за можностите и предизвиците на националните паркови

Како националните паркови во земјава да ги надминуваат предизвиците и проблемите со кои се соочуваат и да се постигне одржлив развој на заштитетните подрачја. Ова беа дел од темите на кои се дискутираше на работилницата што во организација на Македонската Чивнинг Асоцијација се одржа во Маврово.
На работилницата учествуваа министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и Амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј.
„Заштитата на природата е еден од најголемите приоритети на нашето Министерство, а воедно и моја лична визија за тоа како треба да изгледа социо-економскиот развој во иднина во нашата земја.Во изминатите две години успеавме за првпат во историјата на независноста да прогласиме нов национален парк Шар Планина, и низа други заштитени подрачја, со што го зголемивме процентот на заштитени подрачја во земјата од 8,9 до 13,9 проценти. Но, по процесите на прогласување, следат процесите на соодветно управување. Ние како држава имаме традиција на управување со заштитени подрачја преку 70 години, но мораме да бидеме свесни дека потребно е повеќе да работиме како на унапредувањето на самата заштита, така и на осовременувањето на начинот на функционирање и користење на развојните потенцијали на овие подрачја.“, порача министерот.
Свое обраќање на настанот имаше и директорот на Националниот парк „Маврово“, Самир Ајдини во кое ги презентираше предизвиците и можностите за одржлив развој на паркот во областите како алтернативен туризам, дигитализација, образование и сл.
Целта на работилницата е да се мапираат предизвиците со кои се соочуваат националните паркови, како основа за осмислување на проектни активности со кои ќе се придонесе кон нивно подобро управување, поквалитетна заштита на природните вредности, но и одржлив развој на заштитените подрачја во иднина.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022