Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!



  • Дата: 11/07/2019 | 09:08

Работите во канцеларија? Еве неколку совети за размрдување и рефреш

Голем дел од луѓето осумчасовното работно време го поминуваат „заробени“ во канцеларија, што е погубно за одржување на физичка кондиција, може да придонесе за дебелеење како и за одредени здравствени проблеми. Во продолжение пренесуваме повеќе совети, кои може секојдневно да се практикуваат за да се избегнат последиците од канцелариското работење и седење на столче со часови.

-На секои 20-30 минути направете мало раздвижување на мускулите. Доволно е да станете, да ги размрдате рацете, да го исправите грбот и полека да го истегнете вратот. Овие вежби ќе ви одземат само една минута, а болката во грбот и мускулите ќе се намали, со што повторно може да ѝ се вратите на работата.

-Иако столчињата се класичен предмет кој мора да се има во канцеларијата, сепак за вашето тело не се природно прифатливи. Затоа, земете гумена топка и користете ја како столче. Седењето на оваа топка ќе им овозможи на мускулите да се движат, додека вие сте задлабочени во работните обврски. Зошто? Секогаш кога телото ќе почувствува потреба од размрдување, ќе може лесно да се придвижи напред-назад, лево-десно.

-Наутро потрудете се да пешачите од својот дом до работа, така ќе се подобри циркулацијата на крвта, желбата за сон ќе исчезне со што ќе се зголеми вашата енергија. Во текот на денот се препорачува да правите најмалку 10.000 чекори.

-Со секое кафе потребно е да конзумирате барем една чаша вода, за хидратација на телото. Според некои истражувања, се претпоставува дека кафето предизвикува дехидрација.

-Внимавајте на исхраната. Кифлите, крофните и брзата храна заменете ги со овошје и зеленчук и со храна богата со протеини.

-Иако работата е важна, ништо не е поважно од вашето здравје. Очите најмногу страдаат од вештачката светлина и од зрачењето на новата технологија. Користете заштитни очила додека сте пред монитор и на секои 30 минути направете мал одмор за очите и затворете ги неколку минути. За програмерите и луѓето кои целото работно време го минуваат пред монитор, се препорачува на секои 30 минути да прават пауза од 10-15 минути.

Напишете коментар