Гостивар
Работник паднал од зграда во изградба во Гостивар
Четириесет и петгодишник со повреди е пренесен на скопските клиники, откако паднал од зграда во изградба во Гостивар.
Вчера (29 април) околу 8 часот во Полициската станица Гостивар, било пријавено дека на улица „Браќа Блажевски“ во Гостивар 45 годишниот А.Ш. од селото Градец, изведувајки градежни работи во зграда, паднал од висина од околу 3,5 метри.
По укажаната лекарска помош во Ургентниот центар во Гостивар, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар и се работи на расчистување на настанот, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Ова е втор ваков случај периодов во Гостивар. Пред околу две недели, 51 годишно лице од скопско Кондово, кое изведувало градежни работи во објект во изградба на улица „Бранко Станоевиќ“, падна и се здоби со тешки телесни повреди.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар