Поврзи се со нас

Гостивар

Радост за децата-ангели и родителите во Гостивар – Отворен центар на здружението „Заедно можеме“

Објавено

на

Убавите вести се секогаш добредојдени, а особено ни се повеќе од потребни сега, во ова време на ковид пандемија. Денес во Гостивар Здружението „Заедно можеме“ отвори Центар наменет за деца и лица со попречености. Радоста и задоволството на децата и родителите, кои беа дел од отворањето на новиот Центар во Гостивар беа очигледни.

„По три години постоење на здружението, ова е исполнување на нашиот сон. Сите финансии за Центарот до сега се обезбедени преку донации, обезбедено е и вработување на психолог. Сега работиме на тоа да се најдат финансии и за дефектолог и логопед. Стигнавме до ова, се надевам дека понатаму ќе можеме да направиме уште многу повеќе“, рече претседателот на здружението Шпенди Салија.

Децата во Центарот ќе може да другаруваат, развиваат креативност и да се вклучуваат во разни активности корисни за нивното здравје и развој. Ќе бидат поделени во две групи според возраста. Секоја група ќе престојува по два пати неделно, додека петокот ќе биде ден резервиран за активности на отворено, како спор, рекреација, екскурзии и слично.

 

 

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена