Поврзи се со нас

Деца Родители

Раѓањето на детето може да го зацврсти бракот, но и да донесе криза

Објавено

на

 

Родителството носи нов елемент во животот на сопружниците менувајќи ги нивните функции. Родителството развива чувство на единство на жената и мажот. Токму затоа планирањето на семејството, односно планирање на раѓањето на децата треба да биде взаемен договор и одлука на партнерите. Подготовките за родителство значи подготвеност на партнерите да го променат начинот на живеење. При планирање на семејството освен психолошкиот момент битен е и економскиот статус на партнерите и нивните перспективи на овој план. На децата освен љубов мора да им се обезбедат и услови за непречен раст и развој и безгрижно детство.

Бременоста е еден од најубавите периоди на жената. Тоа подразбира низа психолошки и физиолошки промени кај идната мајка. Период од 9 месеци значи подготовка на жената за улогата на мајка. Меѓутоа,периодот на бременост на жената не го исклучува и моментот  и улогата на сопругот, кој пак на индиректен начин се подготвува за улога на татко. Улогата на сопругот е многу важна во давањето на поддршка во целиот период на бременоста. Во овој период жените се многу чувствителни и тука сопругот треба да и пружи на сопругата многу љубов,толеранција и разбирање. На тој начин брачниот пар се подготвува за родителство и ја зајакнува врската.

Проблеми може да се појават доколку жената го изгуби чувството на љубов и внимание од страна сопругот. Од друга страна сопругот може да се почувствува непотребен, отфрлен од сопругата затоа и двајцата идни родители треба да разговараат за своите чувства, потреби, начин на однесување и доживување.

Преку децата брачните партнери му даваат на човештвото нешто повеќе од тоа што се тие самите – следна генерација.

Раѓањето на детето е голема радост и среќа за партнерите и за целото семејство, кое со ова може да ја зацврсти брачната врска. Меѓутоа доаѓањето на нов член во семејството може да ја разниша брачната рамнотежа и да предизвика криза во бракот.

Со раѓањето на детето се менува структурата и организацијата на семејните односи. Со детето и одговорноста во семејството станува посложена. Досегашните партнерски улоги се прошируваат и стануваат родителски.

Секоја фаза во развојот и растот на детето бара многу љубов, вложување и задоволување на неговите потреби, во рамките на можностите на родителите.

Од брачните партнери се бара подготвеност за промена и адаптирање кон потребите за развој на детето. Од тука произлегува и најголемата одговорност на родителството. Планирањето на семејството треба да оди паралелно со личните, брачните и родителските можности. Секое дете во семејството треба да има подеденакви права и услови за сигурно детство, развој и задоволување на биолошките, психолошките  и социјалните потреби.

 

пишува: м-р Слаѓана Анѓелкоска, психолог

Советувалиште за брак и семејство

Центар за социјална работа Гостивар

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена