Гостивар
Ракот на дојка може да се победи – Настан во Гостивар за подигнување на свеста за редовни прегледи
Жените да водат грижа за здравјето, да вршат самопрегледи и редовни прегледи, што е клучно во борбата против карциномот на дојка, порачаа стручните лица на вечерашната панел дискусија која се одржа во Гостивар. Настанот го организираше Хуманитарното здружение на граѓани „Д-р Трајче Нешковски“, во рамки на одбележувањето на октомври како месец посветен на борбата против ракот на дојка.
„Сакаме да им пренесеме на жените да се грижат за своето здравје, да се прегледуваат, да преземаат мерки за превенција и рано дијагностицирање на болеста. Токму во таа насока се пораките на панел дискусијата чија тема гласи: Прегледај се, превенирај, заштити се. Планираме да доделиме 35 ваучери за бесплатна мамографија, кои Хуманитарното здружение „Д-р Трајче Нешковски“ ги обезбеди од средствата собрани од настаните кои се одржуваа минатиот викенд.“, изјави Ема Нешковска од Здружението.
Заменичката министерка за здравство, Маја Манолева појасни дека преку скрининг програмата за откривање на рак на дојка, определени возрасни групи на жени може бесплатно да направат мамографија, а доколку има потреба и ехо.
„Оваа година Министерството за здравство, покрај воведувањето на нова иновативна биолошка терапија, воведе и нова национална скрининг програма за превенција на карциномот на дојка. Досегашната граница од 50 години е спуштена на 45 години, а дополнително сите жени на возраст од 40 до 44 години со фамилијарна анамнеза за постоење на карцином на дојка во семејството на близок, може самоиницијативно да се пријават за оваа скрининг програма, која секако е бесплатна. Скринингот опфаќа мамографија, а ако е потребно и ехо.“, рече Манолева.
Во однос на фактот што во Гостивар нема мамограф во Јавните здравствени установи, заменик министерката кажа: „Се надевам дека новиот тренд на доведување на софистицирана, современа опрема во рамките на јавните здравствени установи и во Гостивар ќе биде блиска реалност за жените од регионот.“.
На панелот свои обраќања имаа и: Д-р Александар Велјаноски, спец. Гинеколог, Д-р Софија Трајковиќ, спец. Гинеколог, Д-р Љубица Анастасиеска, спец. Ренденолог и Д-р Неџати Јакупи, спец. хирург, директор на Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија