Вести
Рама разочаран од односот на ЕУ кон европската интеграција на регионот

Премиерот на Албанија Еди Рама денеска во Брисел, по самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан, изрази разочарување од односот на Унијата кон европската интеграција на регионот, наведувајќи дека не е проблем само Бугарија, туку и дека ЕУ е уморна на проширувањето, јави дописничката на МИА од Тирана.
На заедничката прес-конференција со лидерите на Србија и Северна Македонија, Рама рече дека Северна Македонија чека 17 години да се отворат преговорите за членство во ЕУ, а Албанија осум години.
– Од една заедничка визија и заедница, ЕУ стана инструмент за поединечни членки да запрат нешто. Приказната со Бугарија е срамота. Едната земја наметнува нешто свое, а другите 26 не можат ништо да направат околу тоа. Има многу наводи дека (рускиот претседател Владимир) Путин е болен, но не можам да кажам дека оваа куќа овде изгледа здраво, изјави Рама, пренесува Топ чанел.
Тој апелираше до лидерите на ЕУ да не ја убиваат вербата на Албанците во европската иднина, наведувајќи дека неговата земја ќе остане на европскиот пат со верба дека ќе стане дел од ЕУ.
Рама изрази жалење и што ЕУ сè уште не го либерализирала визниот режим за граѓаните на Косово.
Албанскиот премиер повтори дека ЕУ треба да има разбирање за Србија и дека не е добро да се бара од Белград да се приклучи на сите санкции што ги воведе кон Русија.
Рама рече дека „реалноста е сосема поинаква“ во Србија и дека на средбата со европските лидери „се обидел да објасни“ дека 80 отсто од српските граѓани го поддржуваат рускиот претседател Путин.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022