Вести
Рамазан Кадиров унапреден во генерал-полковник
Рускиот претседател Владимир Путин го унапреди Рамзан Кадиров во генерал-полковник поради неговата улога во инвазијата на Украина, која чеченскиот лидер ја користи за да ја покаже својата лојалност кон Москва, објави Гардијан.

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, потпиша указ за доделување воен чин „генерал-полковник“ на шефот на Чеченската Република Рамзан Кадиров. Ова го изјави претседателот на Парламентот на Чеченската Република, Магомед Даудов.
„Драги пријатели, од се срце му честитам на мојот драг брат, поглаварот на Чеченската Република, херојот на Русија Рамзан Ахматович Кадиров, што му беше доделен воен чин генерал-полковник со указ на претседателот на Русија, врховен командант Владимир Путин! напиша Даудов на својот канал Телеграм.
Тој исто така истакна дека придонесот на Каидров во победата над меѓународниот тероризам во Чеченија и зачувувањето на интегритетот на Русија не може да се прецени.
На почетокот на војната, водачот на автономната област Чеченија, Рамазан Кадиров, рече дека ќе ја испрати својата војска за да помогне во војувањето во Украина.
Кадиров сега изјави дека сите мажи од неговото семејство се во Украина и дека учествуваат во руска специјална операција во Украина. Тој го спомна своето унапредување во рекацијата кон портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков кого Кадиров го критикуваше за некои изјави.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Македонијапред 3 месеци
Ноќеска поместете ги стрелките на часовниците – започнува летно сметање на времето