Рецепти
Рамазанско шербе или шербет
Се воспоставил во муслиманската традиција како варен напиток од шеќер со овошје или цвет, а се подготвува за време на рамазанските празници и во специјални прилики, се служи како ладен напиток. Шербе е збор со арапско потекло и означува напиток.
Во продолжение еден рецепт за шербет со цимет и каранфилче. Освен со овие состојки, може да се прави и со листови од роза.
Состојки:
5 l вода
1,75 kg шеќер
10 g цимет
10 g каранфилче
Подготовка:
Разварете ги каранфичињата, а посебно циметот во обична вода и процедете ги низ газа. Шеќерот добро растопете го со малку вода. И потоа, постепено, додавајте го растопениот шеќер во сварената водичка од каранфилчиња и цимет.
Промешајте убаво и шербетот е готов. Се служи и како концентрат, па се разредува со ладна вода. Времето за подготовка е 20 миути.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар