Вести
Ранет жител на Долна Бањица, се трага по сторителот
Жител на гостиварска Долна Бањица завршил на скопските клиники, откако бил ранет со огнено оружје во стомакот.Настанот се случил претпладнево во домот на повредениот.
Од Основното јавно обвинителство соопштија дека дежурен јавен обвинител од ОЈО – Гостивар извршил увид, издадени се наредби за собирање на траги, скицирање и фотографирање на местото како и наредба за трагање по осомничениот.
Според првичните информации осомничениот кој е во блиски роднински врски со повредениот, пукал со огнено оружје и притоа го ранил во пределот на стомакот. Со возило на Итна медицинска помош жртвата е пренесена во Ургентно – хируршкиот центар во Скопје каде што е извршена хируршка интервенција.
Осомниченото лице е недостапно на органите на прогонот, се преземаат мерки за негово пронаоѓање, соопшти ОЈО.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар