Поврзи се со нас

Македонија

Распишани претседателските и парламентарните избори 2024

Објавено

на

Претседателот на Собранието Јован Митрески попладнево ги распиша претседателските и парламентарните избори 2024. Првиот круг од претседателските избори се закажани на 24 април, додека вториот круг ќе се одржи заедно со парламентарните избори на 8-ми мај.

Денеска, во согласност со мојата уставна надлежност и уставно предвидените рокови, ги потпишав решенијата за распишување на изборите за претседател на Република Северна Македонија и за пратеници во Собранието. Како што е познато, првиот круг од седмите претседателски избори во земјава ќе се одржи на 24 април 2024 година, додека вториот изборен круг за претседател ќе биде во ист ден со гласањето за единаесеттите парламентарни избори, односно на 8- ми мај, рече Митрески.

Согласно Изборниот законик, роковите за спроведување на изборните дејствија почнуваат да течат од денот на објавување на Решението во Службен весник.

Верувам дека во изборниот период што претстои, сите надлежни институции, но и сите инволвирани субјекти ќе дадат свој придонес да имаме фер и демократски изборен процес, на ниво какво што заслужува една демократска држава, членка на НАТО, држава која го оди патот кон полноправно членство во Европската Унија, рече Митрески.

Република Северна Македонија, во последните изборни процеси, рече тој, покажа дека има капацитет да организира демократски избори, во согласност со европските вредности и принципи.

Како држава воспоставивме стандарди кои мора само да ги унапредуваме и надградуваме и во никој случај не смееме да дозволиме да се вратиме назад. Гласањето на избори, односно можноста граѓаните преку гласачкото ливче да го искажат сопствениот став, е врвен чин на демократијата. Тоа е можност граѓаните со својот глас да ја определат својата иднина. Убеден сум дека и на овие избори граѓаните ќе го направат вистинскиот избор и ќе изберат иднина каква што посакуваме и каква што нашата држава заслужува, рече Митрески.

Откако решението за изборите ќе биде објавено во Службен весник, треба да заседава Државната изборна комисија која ќе усвои роковници со што и официјално ќе почнат да течат изборните дејствија.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Занимливостипред 2 часа

Куќата oд филмот „Сам дома“ продадена за 5,5 милиони долари

Македонијапред 4 часа

Трговците со забелешки за Законот за нефер трговски практики

Светпред 6 часа

Вашингтон се подготвува за „најстудената инаугурација“ во последните 40 години

Спортпред 7 часа

Македонија против Холандија вечерва во 2. коло од Светското првенство во ракомет

Гостиварпред 7 часа

Викенд временска прогноза

Здравје и убавинапред 8 часа

Која храна треба да се внесува, а која треба да се избегнува за време на настинка?

Занимливостипред 22 часа

Ова е Европскиот автомобил на годината

Македонијапред 24 часа

Вработените во инспекторатите не зеле декемвриска плата, протестот организиран од УПОЗ продолжува

Гостиварпред 1 ден

За еден ден 100 пријавени за вадење на светиот крст од Радика, Бигорски го објави редоследот на богослужбите за Водици

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 3 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Македонијапред 4 недели

Метео предупредување-Денови со снег, дожд и силен ветер

Спортпред 3 недели

Заврши кошаркарската година, КК Гостивар на 8 позиција

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена