Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!



  • Дата: 08/02/2019 | 19:11

Распишани се шестите претседателски избори

Претседателот на Собранието, Талат Џафери го потпиша решението за распишување на шестите претседателските избори. Првиот круг од изборите треба да се одржи на 21 април, а вториот круг на 5 мај.

“ Фер и демократски избори се еден од условите по кои ќе нè вреднуваат и оценуваат. Затоа ги повикувам сите учесници во претстојната претседателска изборна кампања, политичките партии и вас, граѓаните, да направиме максимални заложби Република Македонија да добие уште едни избори какви што и доликуваат на европска демократска држава заради остварување на стратешките евроатлантски аспирации на државата и заради доброто на граѓаните”, изјави Џафери.

Покрај претседателските избори на 21 април годинава, во Охрид и Ново Село и Дебар ќе се одржат и предвремени градоначалнички избори.

Напишете коментар