Вести
Распоред на богослужби во Страдалната седмица и за Велигден во Гостивар

Од Гостиварското архијерејско намесништво информираат за распоредот на богослужби во Страдалната седмица и за Светото Христово Воскресение-Велигден.
16-ти Април – Велика Среда: Утренa со часови и Литургија на Претходно осветени Дарови, со почеток во 7 часот наутро.
17-ти Април – Велики Четврток: Вечерна со Литургија на св. Василиј Велики. По Светата литургија ќе се изврши и светата тајна Елеосвештение (маслосвет) во Соборниот храм. Во 18 часот ќе се читаат 12-те страдални Евангелија и ќе се изнесе Распетието Христово на средината на храмот.
18-ти Април – Велики Петок: Утренa со царски часови и читање на Светите Евангелија во 8 часот и изнесување на светата Плаштеница. Во 18 часот ќе се изврши опело на Господ Исус Христос со пеење на статиите.
19-ти Април – Велика Сабота: Вечерна со Литургија на Свети Василиј Велики со почеток во 8 часот наутро.
ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – ВЕЛИГДЕН
19-ти Април: Во 23:30 часот ќе започне трикратниот опход околу Соборниот Храм со пеење на ВОСКРЕСЕНИЕ ТВОЕ ХРИСТЕ СПАСЕ и ќе бијат сите камбани.
20-ти Април – ПРВ ДЕН ВЕЛИГДЕН: Точно во 00:00 часот ќе биде објавено Христовото Воскресение во Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“. Веднаш потоа ќе се служи утрена со Литургија на Св. Јован Златоуст.
21-ви Април – ВТОР ДЕН ВЕЛИГДЕН: Утренa со Литургија на Св. Јован Златоуст ќе се служи во Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во 8 часот.
22-ри Април – ТРЕТ ДЕН ВЕЛИГДЕН: Утренa со Литургија на Св. Јован Златоуст ќе се служи во Соборниот храм во 7 часот.
25-ти Април – ИСТОЧЕН ПЕТОК – БАЛАКЛИЈА: Утренa со Света Литургија на Св. Јован Златоуст во 8 часот во црквата Св. Петка (под железничката станица).
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?