Гостивар
Распоред на литургии за Божиќ 2023 во Гостивар, Бадниковата поворка почнува во 9 часот

Православните христијани со радост го очекуваат големиот празник Христовото раѓање, кој црквата го одбележува со свечени литургии и вековни традиции. Божиќната програма за 2023-то лето господово во Гостивар започна утрово (5 јануари) на празникот Св.Наум Охридски Чудотворец.
Чествувањето продолжува утре на Бадник (6 јануари) кога ќе има утрена со царски часови и Литургија на Св.Василиј Велики. За во 9 часот пак, е предвидено тргнувањето на Бадниковата поворка од соборниот храм Успение на Пресвета Богородица. Собирањето на децата е во 8.40 часот.
Во 17 часот ќе има вечерна богослужба и во 19 часот осветување на бадниковите гранчиња, палење на бадниковиот оган и огномет.
На Божиќ (7 јануари) во 8.30 часот во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ Владиката г.Јосиф ќе чиноначалствува со света Архиерејска Литургија.
На 8 јануари (Собор на Пресвета Богородица) со почеток во 7 часот ќе биде отслужена утрена со Литургија на Св.Јован Златоуст. Литургија ќе има и утрото на 9 јануари (Св.Архиѓакон Стефан), како и на 14 јануари (Св.Василиј Велики) –Црковна Нова Година.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава