Гостивар
Расте бројката на заболени со корона: Во Гостивар нови 2, во Општина Врапчиште 6, во земјава 180 нови случаи
И денес се потврдени нови пациенти позитивни на коронавирус во гостиварскиот регион. Регистрирани се осум новозаболени лица, од кои две во Гостивар и шест од села на територијата на Општина Врапчиште (Неготино и Добридол).
Двете новорегистрирани позитивни лица во Гостивар имале контакт со потврден случај.
Со ова вкупната бројка на активни болни на подрачјето достигна 20 (9 Општина Гостивар и 11 Општина Врапчиште).
Во последните 24 часа во земјава се направени 1.272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19, објави Министерството за здравство. По региони:
– Скопје 109
– Куманово 26
– Дебар 1
– Штип 15
– Тетово 12
– Струга 1
– Велес 1
– Битола 1
– Охрид 1
– Гостивар 8 (2 Гостивар, 6 О.Врапчиште)
– Гевгелија 2
– Валандово 1
– Свети Николе 1
– Неготино 1
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 52 години години, лекуван на клиниката од 30 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје на 68 години, хоспитализирана на 29 мај.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти.
– Скопје 6
– Прилеп 1
– Велес 4
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2790, бројката на оздравени пациенти е 1632, на починати е 149, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1009.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград